Национална работилница: Од пулпа до хартија
КУЛТУРА
3 мин читање
Национална работилница: Од пулпа до хартија„Ова е презентација на дел од нашата историја, на дел од нашата култура. На некој начин се обидов да го пренесам и да го вратам во живот."
Национална работилница: Од пулпа до хартија / TRT Balkan MK

Замислете место каде хартијата не се купува, туку се создава. Каде дрвото, водата и трудот на мајсторот се единствените состојки. Некаде помеѓу тишината на работилницата и мирисот на влажна пулпа, историјата не е изложена зад стакло, таа се прави со раце, пред очите, во живо.

Екипата на ТРТ Балкан го посети музејот за хартија во Охрид и водеше разговор со Љупчо Паневски, човекот кој од 2001 година ја чува и оживува уметноста на правење хартија по постапка стара повеќе од пет века.

Паневски вели дека мнозинството гости доаѓаат без претстава за она што ги чека.

„Само неколку работилници во светот работат на ваков начин и можам да кажам дека најголем дел од гостите ова го гледаат за првпат во животот", раскажува тој. 

Првиот впечаток, додава, е дека сè изгледа едноставно, но вистинската сложеност се крие онаму каде не се гледа. Додека гостите ја набљудуваат готовата пулпа, зад сцената стои долг и барален процес: делкање дрво, натопување, чекање- часови и часови невидлива работа пред да се создаде еден лист.

Постапката која се практикува во работилницата е најстарата позната- кинеската, чии корени датираат до 2 век пред нашата ера. 

„Ова е првата, најстарата постапка. Во историјата се знае дека хартијата на ваков начин за првпат ја правеле Кинезите, уште во 2 век п.н.е., и оваа постапка, после папирусот, е урнек за сите наредни школи кои подоцна се занимаваат со изработка на хартија", објаснува Паневски. 

Истата оваа постапка, потполно непроменета, стигнала и до македонското поднебје, некаде на средината на 16 век, во манастирот Св. Наум во Охрид, хартијата се правела на идентичен начин, од срцевината на дрвото.

Зад тоа стои и еден помалку познат историски лик. Се претпоставува дека свештеникот Јаков од Македонска Каменица ја пренел технологијата за изработка на хартија од Венеција во манастирот Св. Наум. Иако не успеал да го пренесе и начинот на печатење, неговото дело останало врежано во историјата: во 1566 година, само неколку години по доаѓањето во Венеција, тој ја отпечатил првата македонска книга- „Часословот". 

„Малку се знае и се учи за тоа", забележува Паневски- тивка историска неправда кон еден пионер.

Но работилницата не застанува на хартијата. Во неа свое место нашла и Гутенберговата преса- функционална копија на оригиналот од Мајнц, Германија. 

„Само две копии се во функција во Европа моментално- оваа нашата и една на Блед во Словенија", истакнува Паневски, и тоа не е детал за пофалба, туку факт кој ја мери реткоста на местото. Со неа, посетителите можат да го видат и целиот круг: од суровиот материјал до отпечатената страница, истиот пат по кој одела и првата книга.

За Паневски, сето ова е повеќе од занает. 

„Ме изненади сознанието за тоа како дошло до самата хартија и што таа претставувала тогаш за луѓето, а што претставува денес. Како денеска се однесуваме кон хартијата, за која требало толку многу труд, толку многу време", рефлектира тој. Токму таа мисла го поттикнала да ја отвори работилницата, да го пренесе значењето на хартијата на генерациите кои следуваат. 

„Ова е презентација на дел од нашата историја, на дел од нашата култура. На некој начин се обидов да го пренесам и да го вратам во живот."

Секој лист хартија и книга што некогаш сте ги држеле во раце- почнале токму вака. Во оваа охридска работилница, луѓето едноставно се враќаат на почетоците.

Повеќе
Шпанскиот Конгрес го поддржува државјанството за жителите на Западна Сахара родени пред 1977 година
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај  Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
САД ги притискаат сојузниците од НАТО да го распуштат МКС и да се повлечат од основачкиот договор
Август најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ-Коперник
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Штип
Трамп вети по 5.000 долари за секој граѓанин ако републиканците победат на средорочните избори
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Руте: Треба да се направи многу повеќе за НАТО да биде предводен од Европа
За Американците домашниот тероризам е поголема закана од странски напади, 25 години по 11 септември
Туркије се фокусира на квантната и вселенската технологија во новиот истражувачки и развоен поттик
Клековски: Западнонилската треска стивнува, хоспитализирани шест пациенти на Инфективна
Бројот на барања за азил во Европската Унија падна на најниско ниво од 2021 година
Турските пилоти ја започнаа обуката за летање во рамките на набавката на „Еурофајтер тајфун“
Двајца државјани на Азербејџан загинаа во напад со дрон врз брод во Црното Море
Мерц: Нема знаци дека ќе заврши војната во Украина и покрај иницијативата на САД