Привременото примирје еднострано прогласено од Русија стапи на сила
Украинскиот претседател Володимир Зеленски не ја поддржа оваа иницијатива на Путин, a pокрај тоа, тој ги предупреди странските гости да не доаѓаат во Москва за да учествуваат на прославите, велејќи дека не може да ја гарантира нивната безбедност
Едностраното примирје на Русија официјално стапи на сила и ќе остане на сила до полноќ на 11 мај.
Со одлука на рускиот претседател Владимир Путин, Москва објави привремен прекин на непријателствата за време на одбележувањето на 80-годишнината од Денот на победата, национален празник по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна во 1945 година.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски не ја поддржа оваа иницијатива на Путин. Покрај тоа, тој ги предупреди странските гости да не доаѓаат во Москва за да учествуваат на прославите, велејќи дека не може да ја гарантира нивната безбедност. Москва ги осуди овие изјави како закани.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди дека во случај на прекршување на прекинот на огнот од страна на украинската страна, руските вооружени сили ќе дадат „соодветен и ефикасен одговор“.