| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
3 мин читање
Глобалниот марш за Газа ќе собере илјадници активисти од целиот свет во Каиро
Активистите планираат да се соберат на 12 јуни во Каиро, а еден ден подоцна ќе патуваат до градот Ариш во близина на границата со Газа, пред да го почнат 50-километарскиот марш што ќе трае три дена до граничниот премин Рафах
Глобалниот марш за Газа ќе собере илјадници активисти од целиот свет во Каиро
Aктивистите немa да влезат во Газа, туку на границата ќе ги предадат стотиците шатори што ги купиле за палестинскиот народ / Reuters

Меѓународните активисти, кои планираат да одржат мирен протест за да покажат солидарност со палестинскиот народ во Газа, ќе се соберат следната недела во египетскиот главен град Каиро како дел од „Глобалниот марш за Газа“, кој ќе се одржи на египетската страна од граничниот премин Рафах.

Во координација со невладини организации, дипломати и хуманитарни организации, илјадници активисти од 32 земји планираат да одржат протест на 15 јуни на преминот Рафах на границата меѓу Египет и Газа.

Активистите планираат да се соберат на 12 јуни во Каиро, а еден ден подоцна ќе патуваат до градот Ариш во близина на границата со Газа, пред да го почнат 50-километарскиот марш што ќе трае три дена до граничниот премин Рафах.

Организаторите на овој протест објавија дека меѓународната поддршка за палестинската борба се засилува и дека имаат претставници во многу земји од Европа, Северна и Јужна Америка, како и во арапските и азиските земји.

Претседателот на Алжирската Иницијатива за победа на Палестина и помош на Газа, Јахја Сари, изјави дека нивниот конвој, наречен „Караван на решителност“, се упатил кон Тунис, каде што ќе се придружи на конвојот таму, а потоа ќе го продолжи своето патување кон Либија, а потоа кон Египет.

Сари, еден од истакнатите членови на Алжирското здружение на муслимански научници, истакна дека нивниот конвој е од хуманитарен карактер и дека, заедно со слободните луѓе од светот, се залагаат за укинување на безмилосната блокада врз народот на Газа.

„Му кажуваме на палестинскиот народ во Газа дека не е сам. Ние сме со нив во нивната болка и страдање. Ова е нашиот начин нивниот глас да одекне во светот“, рече тој.

Координаторот на мароканската невладина организација „Национална акциона група за Палестина“, Абдулхафиз ес-Сарити, за АА изјави дека ќе пристигне во Египет со авион од Мароко и ќе се упати кон граничниот премин Рафах од Каиро.

Сарити нагласи дека мароканскиот народ организирал улични протести откако Израел започнал напади врз Газа и дека ќе продолжи да ги поддржува луѓето од Газа.

Тој истакна дека е воспоставена координација со организаторите на маршот.

„Палестинскиот народ доживува геноцид со помош на американски бомби и оружје, под задушувачка блокада што предизвикува глад и болести. Ова е невиден злосторство“, рече тој.

Тој, исто така, апелираше до меѓународната заедница итно да дејствува за да го запре израелскиот геноцид во Појасот Газа и да дозволи помошта да стигне до Газа.

Во извештајот на весникот „Хаарец“ се наведува дека активистите немаат намера да влезат во Појасот Газа, туку ќе чекаат на границата и ќе им дадат стотици шатори што ги купиле на палестинскиот народ во Газа.

Повеќе
Трамп наложил продолжување на поморската блокада на Иран
Курти: НАТО е стратешка ориентација за Косово
Трамп: Американците немаат поблиски пријатели од Британците
Хакан Фидан на самитот на Иницијативата за три мориња во Дубровник
Обединетите Арапски Емирати ги напуштија ОПЕК и ОПЕК+
Карис: Европа мора да биде подготвена за сѐ во украинската војна
Туркије ќе го извезува домашниот авион за обука „Хурџет“ во Шпанија
Хрватска и БиХ потпишаа договор за гасоводот Јужна интерконекција
Дали Израел го реплицира моделот на Газа во Либан со својата тампон-зона „Жолта линија“?
Поранешниот шеф на Мосад го споредува насилството на Западниот Брег со Холокаустот
ОН: Зголемен ризик за сириските цивили по проширувањето на израелските операции
Иран: САД повеќе не се во позиција да им „диктираат“ политика на други нации
Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
Германија депортира 25 осудени мажи во Авганистан поради построга имиграциска политика
Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува обврвски и за приватниот сектор