Хамас: Елиминирани се четворица израелски шпиони во Газа
„Четири шпиони кои работеа за непријателскиот Израел и се обидоа да киднапираат член на Хамас беа елиминирани во градот Газа“, се вели во соопштението на Хамас
Хамас во понеделник соопшти дека четири лица кои шпионирале за Израел биле убиени во северниот дел на Појасот Газа.
„Четири шпиони кои работеа за непријателскиот Израел и се обидоа да киднапираат член на Хамас беа елиминирани во градот Газа“, се вели во соопштението на военото крило на групата, Бригадите Касам, објавено на официјалниот канал на Телеграм.
Нивното оружје е конфискувано, додаде Хамас, без дополнително да ги открие нивните идентитети.
Од израелската армија немаше непсореден коментар по соопштението .
Од октомври 2023 година, израелската армија уби повеќе од 70.000 луѓе во Газа, претежно жени и деца, и повреди повеќе од 170.900 луѓе во двегодишната војна што го остави поголемиот дел од енклавата во урнатини.