Украинскиот парламент, Врховната рада, денес гласаше за продолжување на воената состојба и општата мобилизација до 29 јануари 2027 година.
Според податоците објавени од Радата, 293 пратеници гласаа „за“ продолжување на воената состојба.
ПРЕПОРАЧАНО
Гласањето уследи по предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Пред конечното гласање, пратениците се согласија предлог-законите да се разгледаат по скратена постапка.
Ова е 21-ви пат актуелниот парламент да гласа за продолжување на воената состојба и мобилизацијата.





















