| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Јалчин наследник на Монтела на клупата на Туркије
Со поддршка од сите, се надевам дека пред нас е успешно патување со националниот тим, повторно ќе го обединиме народот околу репрезентацијата, порача новиот селектор
Јалчин наследник на Монтела на клупата на Туркије
Најголемиот тренерски успех Серген Јалчин го оствари со Бешикташ, со кој во сезоната 2020/21 ја освои двојната круна

Турската фудбалска федерација го именуваше Серген Јалчин за наследник на Италијанецот Винченцо Монтела, а со 53-годишниот стратег и неговиот стручен штаб ќе биде потпишан четиригодишен договор.

Монтела доби отказ на селекторската функција по серијата лоши резултати, меѓу кои и четирите последователни порази на почетокот од Лигата на нации.

Туркије претходно не успеа да ја мине ниту групната фаза на Светското првенство во 2026 година.

Јалчин не го криеше задоволството од новата функција, нагласувајќи дека водењето на националниот тим е голема чест и одговорност.

„Ова е многу важна улога. Грбот со полумесечината и ѕвездата е над сè. Тоа е позиција на која секој тренер сака да биде. Прекрасно е да се биде селектор што го сака народот. Тоа за мене е извор на гордост и среќа“, изјави Јалчин.

Тој се надева дека со поддршка од јавноста и навивачите ќе успее да ја обедини нацијата околу репрезентацијата и да ја врати позитивната атмосфера.

„Со поддршка од сите, се надевам дека пред нас е успешно патување со националниот тим. Повторно ќе го обединиме народот околу репрезентацијата“, порача новиот селектор.

Јалчин е добро познато име во турскиот фудбал. Како играч настапуваше за Бешикташ, Фенербахче и Галатасарај, а за националниот тим забележа 37 настапи во периодот од 1994 до 2003 година.

Беше дел од турската репрезентација на Европските првенства во 1996 и 2000 година.

Новиот селектор целата досегашна тренерска кариера ја изгради во турскиот фудбал, водејќи повеќе клубови од домашното првенство. Меѓу нив се Газиантеп, Сиваспор, Кајсериспор, Ескишехирспор, Коњаспор, Алањаспор, Малатијаспор, Бешикташ и Анталијаспор.

Најголемиот тренерски успех го оствари со Бешикташ, со кој во сезоната 2020/21 ја освои двојната круна, односно титулата во турското првенство и националниот куп.

Новиот селектор ќе дебитира на 12 ноември, кога Туркије ќе ја пречека Белгија во Измир. Три дена подоцна, турската репрезентација ќе гостува кај Франција во Бордо.

Повеќе
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови
Саудиската воена коалиција спречила напади со дронови
Хегсет: САД не ги менува официјалните позиции кон Украина