Протест во Скопје во знак на солидарност со палестинскиот народ

За време на протестот, кој започна со минута молчење, студентите на Меѓународниот балкански универзите носеа транспаренти со пораки за поддршка на Палестинците

Протестот на студентите се одржа на кампусот на МБУ / AA

Студентите на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) во Скопје во вторник одржаа протест како одговор на израелските напади и геноцид во Газа што се случуваат од 8 октомври 2023 година.

Универзитетските студенти и академици учествуваа во демонстрациите на кампусот на МБУ.

Демонстрациите започнаа со минута молчење, за време на кои студентите носеа транспаренти со пораки за поддршка на Палестинците.

Израелската армија уби над 67.100 Палестинци, претежно жени и деца, во Газа од октомври 2023 година.

Немилосрдното бомбардирање ја направи енклавата речиси ненаселена и доведе до масовно раселување, глад и ширење на болести.