| Macedonian
ЕУ покрена официјална истрага за Грок на X поради експлицитни фотографии
Чет-ботот Грок на Х е критикуван по трендот на социјалните медиуми во кој корисниците го поттикнуваат Грок да менува или генерира слики од поединци во експлицитни портрети без согласност
ЕУ покрена официјална истрага за Грок на X поради експлицитни фотографии
EK веќе води истрага од 2023 година за усогласеноста на X со обврските за управување со ризик од системите за препораки / Reuters

Европската Унија (ЕУ) започна истрага за ВИ чет-ботот Грок на Илон Маск и системите за препораки на Х согласно со Законот за дигитални услуги (ДСA) поради сексуализирани фотографии, се вели во соопштението објавено денес од Европската комисија.

Комисијата соопшти дека почнала нова формална истрага против X според ДСА, додека комисијата ја продолжила својата тековна истрага започната во декември 2023 година за усогласеноста на X со обврските за управување со ризик од системите за препораки.

„Новата истрага ќе процени дали компанијата правилно ги проценила и ублажила ризиците поврзани со распоредувањето на функционалностите на Грок во X во ЕУ“, се вели во соопштението.

Во него се истакнува дека ова вклучува ризици поврзани со ширењето на нелегална содржина во ЕУ, „како што се манипулирани сексуално експлицитни слики, вклучително и содржина што може да претставува материјал за сексуална злоупотреба на деца“.

Во соопштението се нагласува дека овие ризици се чини дека се материјализирале, изложувајќи ги граѓаните во ЕУ на сериозна штета.

Чет-ботот Грок на Х е критикуван по трендот на социјалните медиуми во кој корисниците го поттикнуваат Грок да менува или генерира слики од поединци во експлицитни портрети без согласност.

Маск, чија xAИ го разви Грок, на 3 јануари изјави дека корисниците што бараат генерирање нелегална содржина ќе бидат третирани како самите да поставиле нелегален материјал.

Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД