Пласманот на Босна и Херцеговина на Светското првенство 2026 се славеше и во Скопје
Во шутирањето од белата точка, босанските репрезентативци беа поуспешни, победувајќи 4:1, со што се пласираа на Светското првенство во 2026 година кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Бошњаците од Скопје и околните места се организираа во поголем број и во Стара чаршија во духот на заедништвото и спортот, заедно со сите останати граѓани, ги бодреа босанските репрезентативци, познати кај навивачите и како „Змејови“ (org. Zmajevi) во натпреварот против Италија, кој се одигра на стадионот „Биљино поље“ во Зеница.
Во регуларните 90 минути, резултатот беше нерешен (1:1), по што следуваа две продолженија по 15 минути, кои завршија без погодок, за на крај победникот да се решава на пенали.
Во шутирањето од белата точка, босанските репрезентативци беа поуспешни, победувајќи 4:1, со што се пласираа на Светското првенство во 2026 година кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Организираното гледање на историскиот натпревар на „Змејовите“ беше приредено и во сите места ширум земјава, во кои живеат Бошњаците.
Фудбалската репрезентација на БиХ вторпат во својата историја се пласира на Светско првенство.
Во 2014 година на Мундијалот во Бразил, репрезентацијата на Босна и Херцеговина го имаше своето дебитантско учество, во кое не ја помина групната фаза.