| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност
„Климатските промени се опишуваат како мултипликатор на ризици, зашто не создаваат само нови предизвици, туку ги засилуваат постојните: она што вчера било економски проблем, денес станува социјален, а утре и безбедносен.“
Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност
Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност / Other

Климатските промени веќе не се далечна закана, туку реалност што секојдневно ја живееме, истакна денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова. Таа нагласи дека државата мора да премине од реактивен кон превентивен пристап, со јасно дефинирани политики и координирани институционални одговори. Воедно, ја истакна уставната обврска за заштита на природата, но и предупреди дека без доследна примена на законите и стратегиите, документите остануваат само на хартија.

„Денес, кога зборуваме за климатските промени, не зборуваме за нешто далечно и апстрактно, туку за реалност којашто секојдневно ја живееме низ летата што траат подолго отколку што сме навикнале, низ воздухот, збогатен со PM честички, низ водата што станува загадена и недоволна, низ шумите што исчезнуваа“, рече претседателката на настанот „Климатски промени – ризици и предизвици“, што се одржува денеска во Вила „Водно“.

Таа нагласи дека климатските промени се мултипликатор на ризици и бараат координиран институционален одговор.

„Климатските промени се опишуваат како мултипликатор на ризици, зашто не создаваат само нови предизвици, туку ги засилуваат постојните: она што вчера било економски проблем, денес станува социјален, а утре и безбедносен. Во последните години, екстремните временски и климатски настани предизвикаа значајни економски штети и загуби на ресурси, што директно се одразува врз развојните можности“, нагласи претседателката.

Во своето обраќање, Силјановска Давкова се осврна и на уставната обврска за заштита на животната средина.

„Нашиот Устав ја препознава заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како темелна вредност на уставниот поредок. Денес, таа вредност не може да се разгледува изолирано, туку и во контекст на безбедноста, имајќи предвид дека ризиците од климатските промени директно влијаат врз функционирањето на општеството и институциите. Иако оваа вредност е уставна материја, сѐ уште го чекаме Законот за климатска акција“, рече таа.

Претседателката повика на промена во начинот на размислување и планирање.

„Потребна е промена во начинот на којшто размислуваме, планираме и одлучуваме, зашто долго време функциониравме реактивно, односно „пост фестум“, наместо превентивно, односно „ex ante“. Преминот кон превентивно делување станува неопходен, при што интегрираниот систем за рано предупредување е дел од решението, заедно со координацијата меѓу институциите и соработката“, порача Силјановска Давкова.

На дискусијата се обрати и националниот координатор за климатски промени, Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска, која зборуваше за институционалениот статус, тековни активности и Законот за климатска акција.

Таа посочи дека има потреба од балансирање на она што е барање со што е очекување и издвои повеќе приоритети од планот за раст.

„Донесување на закон за климатска акција, реструктурирање на организациската структура на МЖСПП преку инкорпорирање на единица за следење и известување, градење капацитети на нови работи и приватниот сектор и донесување на подзаконски акти“, посочи Обрадовиќ-Грнчаровска.

Професорот Владо Спиридонов, предупреди на можни екстремни сценарија ова лето.

„Климатскиот систем е нестабилен. Чести екстремни временски, хидролошки и климатски настани бараат итна адаптација со современи системи за прогноза и најава на повеќестепени хазарди. Подгответе се за ова лето – можно е силно Ел Нињо сценарио со зголемени температури, топлотни бранови, суши и интензивни бури“, рече Спиридонов.

Настанот обединува универзитетски професори, експерти, претставници на институции и граѓанскиот сектор, со цел да се изнајдат конкретни препораки и мерки за превентивно дејствување и иновативни решенија за адаптација на климатските промени.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“
Шведска ќе издвои 2,7 милијарди долари воена помош за Украина
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Германија и Холандија ќе го предводат НАТО на Балтичкиот фронт
Јужнокорејски активисти ги обвинија израелските сили за тортура и сексуалнo злоставување во притвор