Во Лос Анџелес, со присуство на најголемите имиња од Холивуд, се одржа доделувањето на Оскарите
Оваа година филмот „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер ја предводеше листата со рекордни 16 номинации
Најголемите имиња од филмската индустрија се собраа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес на годишната церемонија на Наградите на академијата познати како „Оскар“.
Оваа година филмот „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер ја предводеше листата со номинации со рекордни 16, по него следуваа филмот „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон со 13 номинации и „Франкенштајн“ на Гиљермо дел Торо со девет.
Филмот „Една битка по друга“ освои вкупно шест награди „Оскар“, меѓу кои и за најдобар филм, а Пол Томас Андерсон ја доби наградата за најдобро адаптирано сценарио.
Актерот Мајкл Б. Џордан, ѕвезда на филмот „Грешници“, освои „Оскар“ за најдобар актер, надминувајќи ги конкурентите Тимоти Шаламе и Леонардо ди Каприо.
Ова е прва награда „Оскар“ во кариерата на Џордан.
Актерката Џеси Бакли, ѕвезда на филмот „Хамнет“, ја освои наградата за најдобра актерка. Таа претходно беше номинирана за најдобра споредна актерка за филмот „Изгубената ќерка“.
Наградата „Оскар“ за најдобар кастинг – прва нова категорија воведена по 24 години – ја доби филмот „Една битка по друга“.