Бурата „Остин“, која се приближува кон Франција, веќе остави 161.000 домаќинства без електрична енергија, соопшти рано во петокот операторот на електричната мрежа „Енедис“ (Enedis).
Од „Енедис“ наведоа дека се погодени 128.000 домаќинства во Бретања, 19.000 во регионот Пеи дьо ла Лоар и 14.000 во Нормандија, додавајќи дека „повеќе од 2.000 вработени“ се подготвени да интервенираат „штом условите ќе го дозволат тоа“.
Пред пристигнувањето на бурата „Остин“ во земјата, 23 департмани во северозападна Франција беа ставени под портокалово предупредување поради силни ветрови.
Според телевизискиот канал БФМТВ (BFMTV), фериботите што ги поврзуваат Франција и Англија останаа во пристаништата во текот на утрото поради силни ветрови и високи бранови.
Во извештајот се наведува и дека железничкиот сообраќај во регионите погодени од бурата е сериозно нарушен, барем до пладне.
Во департманот Финистер, во седиштето на префектурата беше активиран кризен центар поради силните ветрови. До полноќ, службите во департманот спровеле 105 интервенции, главно за расчистување на патиштата, додека пожарникарите биле ангажирани во 45 интервенции.




















