| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Бројот на загинати во поплавите во Непал и Кина достигна 1.130
Во Непал од масовните поројни поплави на 26 август досега се пронајдени 1.114 тела, а 3.916 лица се водат како исчезнати
Бројот на загинати во поплавите во Непал и Кина достигна 1.130
Бројот на загинати во поплавите во Непал и Кина достигна 1.130 / َAA

Бројот на загинати во разорните поројни поплави и одрони што минатата недела го погодија подрачјето на границата меѓу Кина и Непал се искачи на 1.130, додека речиси 4.500 лица се водат како исчезнати, покажаа најновите официјални податоци денес.

Според Националната управа за намалување на ризикот од катастрофи и управување со катастрофи, во Непал од масовните поројни поплави што ја погодија хималајската земја на 26 август досега се пронајдени 1.114 тела, додека 292 лица се повредени, а 3.916 се водат како исчезнати.

Властите соопштија дека од подрачјата погодени од поплавите се спасени околу 12.000 лица, додека повеќе од 21.000 припадници на безбедносните сили, вклучително и војници и полицајци, се мобилизирани за помош во тековните операции за пребарување и спасување.

Околу 1,6 милиони луѓе во Непал се погодени од поројните поплави, додаваат властите.

Најмалку 16 лица загинаа на кинеската страна од границата, додека 546 се водат како исчезнати, меѓу кои 261 странски државјанин, објави новинската агенција Синхуа.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија
Туркије и Либан ги истражуваат можностите за проширена соработка во секторите на нафта и гас
Русија уништи 37 дронови што летаа кон Москва
Маѓар: Унгарија не поддржува забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
Лавров: Русија ги затвора филијалите на Гете-институтот како одговор на потегот на Германија