| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
САД го предупредиле Иран дека преговарачите Арагчи и Калибаф се можни израелски цели
По прогласеното примирје двајцата функционери биле назначени да го претставуваат Иран во преговорите за прекин на огнот, па САД процениле дека секој обид за нивно убиство речиси сигурно ќе доведе до пропаѓање на преговорите и ќе предизвика ескалација
САД го предупредиле Иран дека преговарачите Арагчи и Калибаф се можни израелски цели
Министерот за надворешни работи на Иран, Сејед Абас Арагчи, во центар, и претседателот на Исламскиот парламент на Иран, Мохамад Багер Галибаф, лево, / Reuters

Американските претставници индиректно ги предупредиле иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф дека Израел може да се обиде да ги убие за време на преговорите со Вашингтон за завршување на војната, објави денес Њујорк тајмс, повикувајќи се на американски претставници.

Весникот наведува дека некои американски претставници веруваат дека Израел наводно планирал да убие двајца од главните преговарачи на Иран во неделите по примирјето од 8 април, со кое завршија борбите во војната меѓу САД, Израел и Иран.

Поради тие стравувања, американските претставници побараа од своите партнери во регионот да го предупредат Техеран дека Израел може да се обиде да ги ликвидира Арагчи и Галибаф.

Според весникот, кога започна војната на 28 февруари и додека Израел спроведуваше операции во кои беа убиени голем број високи ирански претставници, Аракчи и Калибаф можеле да бидат цел.

Сепак, откако беше прогласено примирје на почетокот на април и двајцата функционери биле назначени да го претставуваат Иран во преговорите за прекин на огнот, американските претставници процениле дека секој обид за нивно убиство речиси сигурно ќе доведе до пропаѓање на преговорите и ќе предизвика ескалација на конфликтот.

Според весникот, конкретната закана за Калибаф се појавила додека се враќал во Иран од Исламабад, каде на 12 април имал разговор со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс.

Двајца американски претставници изјавија за Њујорк тајмс дека иранските безбедносни служби го информирале екипажот на авионот на Калибаф за разузнавачки информации оти Израел планира да го нападне авионот и дека два израелски борбени авиони влегле во иранскиот воздушен простор од Ирак.

Авионот направил итно слетување во Машхад, во североисточен Иран, а Калибаф и членовите на неговата делегација го продолжиле своето патување кон Техеран по копно.

Ројтерс објави во март, додека борбите сè уште траеле, дека пакистански функционер рекол дека Израел ги отстранил Арагчи и Калибаф од списокот за елиминација откако Пакистан побарал од Вашингтон да не ги таргетира.

Службеникот во тоа време изјави дека Исламабад ги предупредил САД дека ако еден или двајцата бидат убиени, нема да има повеќе соговорници за преговори за прекин на огнот.

„Затоа Соединетите Американски Држави го замолија Израел да се откаже“, рече пакистански функционер.

Повеќе
Армијата доби нова опрема вредна 40 милиони евра обезбедена преку Европскиот мировен фонд
Палестинци и странски активисти повредени во напад на израелски доселеници на Западниот Брег
САД го предупредиле Иран дека преговарачите Арагчи и Калибаф се можни израелски цели
Ден на жалост во Киев по вчерашниот руски напад во кој загинаа најмалку 30 лица
Туркије постигна рекорден извоз од 278 милијарди долари во последните 12 месеци
Премиерот на Молдавија Александар Мунтеану поднесе оставка
Тајната служба пропуштила 102 радио повици за време на обидот за атентат врз Трамп во Пенсилванија
Демонстрант со знаме на Тибет се самозапалил пред седиштето на ОН во Њујорк
САД: ИЦЕ уапси 10.000 мигранти за пет дена, најавени се нови апсења
Фидан: Ердоган и Трамп имаат заедничка волја за укинување на санкциите преку КААТСА
Одобрувањето на нови израелски населби во Западниот Брег предизвикаа реакции кај Палестинците
Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди источна Индонезија
Најмалку 21.000 деца убиени во Газа по 1.000 дена израелска војна: Спасете ги децата!
1.000 клима уреди ќе бидат доставени до болниците во регионот на Париз до крајот на неделата
Перу прогласи вонредна состојба во 22 региони поради претстојните дождови поврзани со Ел Нињо