| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Куртулмуш: Националниот закон за солидарност е важен чекор кон „Туркије без тероризам“
Оваа работа, која ги обедини различните политички сфаќања на толку значајна заедничка основа, е важна фаза што ќе ја зацврсти внатрешната тврдина на нашата земја, изјави Претседателот на турското собрание, Нуман Куртулмуш
Куртулмуш: Националниот закон за солидарност е важен чекор кон „Туркије без тероризам“
Работата што се спроведува под покривот на нашето славно Собрание претставуваше единствен пример за демократија, рече спикерот

Претседателот на Големото национално собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, во врска со Предлог-законот за зајакнување на националната солидарност и општествената кохезија изјави: „Работата што се спроведува под покривот на нашето славно Собрание претставуваше единствен пример за демократија што го обединува државниот разум и мудроста на народот во иста цел“.

Куртулмуш во изјавата објавена на неговиот профил на социјалните мрежи соопшти дека предлог-законот за зајакнување на националната солидарност и општествената кохезија, обликуван согласно со извештајот подготвен од Комисијата за национална солидарност, братство и демократија, бил доставен до Претседателството на Големото национално собрание на Туркије.

„Работата што се спроведува под покривот на нашето славно Собрание претставуваше единствен пример за демократија што го обединува државниот разум и мудроста на народот во иста цел“, изјави Куртулмуш.

„Оваа работа, која ги обедини различните политички сфаќања на толку значајна заедничка основа, е важна фаза што ќе ја зацврсти внатрешната тврдина на нашата земја во насока на целта „Туркије без тероризам“ и дополнително ќе го зајакне нашето национално единство и братство. Веруваме дека овој чекор, со промената на политичката и идејната клима, во вториот век на нашата Република ќе ѝ понуди на нашата земја нови можности и перспективи, ќе овозможи зајакнување на нашата демократија, зголемување на благосостојбата на нашиот народ и зацврстување на довербата и братството, отворајќи ја вратата кон еден нов период“, додаде тој.

Куртулмуш им се заблагодари на политичките партии кои придонесоа во процесот, на претставниците на граѓанското општество кои со своите мислења и предлози дадоа вреден придонес во работата, како и на медиумските работници кои го следат процесот со разумност и одговорност. Тој нагласи дека најголемата благодарност ја заслужува турскиот народ, кој со своето трпение, проникливост и поддршка застана зад заедничката иднина на Туркије.

Нуман Куртулмуш посака предлог-законот за зајакнување на националната солидарност и општествената кохезија да биде од корист.

Повеќе
Трамп инсистира дека Иран сака нуклеарен договор со САД: Тие не сакаат да бидат погодени
Израелски министри бараат обновување на офанзивата во Газа и отфрлање на планот на Трамп за примирје
Нападот врз еден е напад врз сите, велат Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан во одбранбениот пакт
Австралиската Викторија воведе карантин за живина поради зголемени случаи на птичји грип H5N1
Австралија ја заврши вежбата „Пич Блек 2026“
Див мајмун фатен во Индонезија откако повреди 17 лица
СБОН го осуди самоубиствениот бомбашки напад во Пакистан кој одзеде 16 животи
17 јеменски војници убиени во ракетни и дронски напади на Хутите
Главниот преговарач на Иран ја критикува „театарската дипломатија“ на САД
Загина напаѓачот кој отвори оган во училиште во Тајланд и усмрти двајца ученици
Претседателот Ердоган отпатува за Саудиска Арабија за средби на највисоко ниво
Туркије предупреди на регионално прелевање на кризата, повика на обновени преговори меѓу Иран и САД
Поднесено обвинение против 20 лица за воени злосторства против цивилното население во Ѓаковица
Туркије почна кампања „Национална солидарност“, со акцент на 2,3 билиони долари цена на тероризмот
Авион што носел муниција за Украина цел на нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг?