Два танкери погодени во Ормускиот залив, не е познато кој ги испалил проектилите

Еден товарен брод бил погоден, исто така од непозната ракета, на растојание од околу 46 километри од брегот на Обединетите Арапски Емирати

By
Низ Ормускиот теснец се пренесуваа околу 20 милиони барели нафта дневно, но нарушениот проток веќе ги покачи цените на нафтата / Reuters

Уште еден товарен брод бил погоден денес од непозната ракета во Ормускиот теснец, предизвикувајќи пожар, а екипажот бил евакуиран, објави Британската канцеларија за поморски трговски операции (УКMTO).

Не е познато кој ја испалил ракетата, а бродот побарал помош и екипажот бил евакуиран, објави Гардијан.

Претходно, товарен брод во Ормускиот теснец бил погоден, исто така од непозната ракета, на растојание од околу 46 километри од брегот на Обединетите Арапски Емирати.

Според извештаите, бродот претрпел штета, но сите членови на екипажот се безбедни и им е пружена помош, а од УКMTO не беа дадени дополнителни детали.

Претходно, таа служба ги замоли сите бродови што минуваат низ Ормускиот теснец да „се движат со претпазливост“.

Поради војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, Ормускиот теснец е практично затворен.

Тоа е една од клучните точки за транспорт на нафта и течен гас.

Низ Ормускиот теснец се пренесуваат околу 20 милиони барели нафта дневно. Нарушувањето на протокот веќе ги покачи цените на нафтата уште од почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари.

Танкерите не поминале низ теснецот повеќе од една недела, а производителите беа принудени да го прекинат производството додека се полнат резервоарите.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја ескалира војната со Иран доколку земјата ги блокира испораките на нафта од Блискиот Исток, предвидувајќи брз крај на конфликтот.