Кардиологија: Пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да бидат упатувани во странство
„Со оваа процедура овозможуваме навремено и ефикасно лекување на пациентите со сите видови аритмии за кои досега дел од нив беа упатувани на третман во странство на товар на ФЗО.“
Аблација за коморна тахикардија прват во државава е извршена на Универзитетската клиника за кардиологија. По тој повод Клиниката денеска ја посетија министерот за здравство Азир Алиу и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
Алиу на прес-конференција во Клиниката рече дека тимот од Кардиологија покажал дека во македонското здравство има знаење, храброст и визија за врвни резултати. Според него, ова е голем чекор напред во здравството.
Директорката на Клиниката Даница Петкоска Спирова рече дека ова претставува значаен чекор во развојот на електрофизиологијата и потврда за високата стручност и посветеност на тимот од Клиниката.
„Со оваа процедура овозможуваме навремено и ефикасно лекување на пациентите со сите видови аритмии за кои досега дел од нив беа упатувани на третман во странство на товар на ФЗО“, рече Петкоска Спирова.