Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници

САД ја користеа базата Ал-Танф, која беше проширена во 2017 и 2018 година, за следење на воените активности на групите поддржани од Иран и терористичката организација ДАEШ на подрачјето помеѓу јорданската граница и реката Еуфрат

By
Американско воено возило од коалицијата предводена од САД против ДАЕШ во Деир Хафер, Сирија, на 16 јануари 2026 година / AP

Сириската Влада ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф, која се наоѓа на тромеѓето на границата со Ирак и Јордан, откако Соединетите Американски Држави се повлекоа по речиси 10 години.

Извори од сириската Влада изјавија за Анадолу дека сириската Армија ја презела контролата врз базата и се распоредила таму.

Се наведува дека американските сили се повлекле во базата позната како Кула 22, која се наоѓа во близина на демилитаризираната зона на границата меѓу Јордан и Сирија, на 22 километри од Ал-Танф.

Иако се вели дека околу 200 американски војници биле стационирани во Ал-Танф во еден момент, нема потврдени податоци за бројот на американски персонал распореден во Кула 22.

САД ја користеа базата Ал-Танф, која беше проширена во 2017 и 2018 година кога биле донесени балони за надзор, за следење на воените активности на групите поддржани од Иран и терористичката организација ДАEШ на подрачје од стотици километри помеѓу јорданската граница и реката Еуфрат.