| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Европската комисија го осуди насилството на протестите во Албанија
„Насилството нема место во демократското општество, а одговорот на него мора секогаш да биде во согласност со законот и пропорционален“, се вели во соопштението на ЕК
Европската комисија го осуди насилството на протестите во Албанија
Европската комисија го осуди насилството на протестите во Албанија

Европската комисија (ЕК) реагираше на неодамнешните протести во Албанија, нагласувајќи дека ја осудува употребата на насилство и дека секој треба да сноси одговорност преку соодветна правна постапка.

„Ја осудуваме употребата на насилство во Тирана и во другите градови во Албанија, вклучително и подметнување пожари, напади врз државни институции и уништување на јавен и приватен имот. Насилството нема место во демократското општество, а одговорот на него мора секогаш да биде во согласност со законот и пропорционален“, се вели во соопштението.

Понатаму се наведува дека слободата на собирање и слободата на изразување се основни права и клучни европски вредности, „кои мора да се почитуваат и остваруваат на мирен начин“.

„Ја поздравуваме посветеноста на албанските власти да го гарантираат правото на протест. Во земја-кандидат, која е цврсто посветена на процесот на пристапување кон ЕУ и постигнува значителен напредок на својот европски пат, загриженостите треба да се решаваат преку конструктивен дијалог и на мирен начин“, се нагласува во соопштението.

Протестите на Студентите во Албанија со поддршка на дел од граѓаните беа проследени со тензии и судири меѓу демонстрантите и полициските сили, како и со акти на насилство и оштетување на јавниот имот и институциите.

Демонстрантите наведуваат дека прашањата што ги покренуваат се однесуваат на студентските потреби кои останале нерешени во последните години; притоа, нивните барања се проширија и опфатија и други прашања. Некои студенти бараат оставка од премиерот Еди Рама.

Студентите тврдат дека се соочуваат со лоши услови во образованието, недоволни инвестиции, високи трошоци за кирија и недостиг на студентско сместување.

Студентите најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните денови.

Повеќе
Закана за бомба принудно слета авион од Израел во Софија
Зеленски разговарал со Виткоф и Кушнер, но Трамп повторно го критикуваше
Иранскиот министер за надворешни работи го обвинува Нетанјаху дека ги турка САД кон уште една војна
Путин предлага трилатерална средба со Трамп и Кси за да разговарат за Украина
Од Брегзит до Бретурн-што го поттикна пресвртот на Велика Британија кон ЕУ и што значи тоа за Брисел
Трамп негира дека САД го ограничиле пристапот на Украина до Старлинк
Немир во Брисел: Што по Макрон би значела за ЕУ победата на Ле Пен?
Како дизелот стана ново геополитичко боиште и што тоа значи за светот
Мерц ги оправдува украинските напади врз руските рафинерии за нафта
Слабата алка на Европа: Скандалите што ја поткопуваат довербата во германската разузнавачка служба
Турскиот претседател Ердоган се сретна со премиерот на Камбоџа
Кина: Израел да запре „присилно основање“ на населби во окупираниот Западен Брег
Франција одобри употреба на шок-бомби за претстојните демонстрации
Кинески шеф на дипломатијата првпат во Хрватска по 33 години
Карни предупредува на напорите за „разбивање“ на Канада пред референдумот во Алберта
Кошта ја презема одговорноста за навремено завршување на преговорите за повеќегодишниот буџет на ЕУ
Трамп пак го критикуваше Зеленски за нападите врз руските рафинерии, повикува на избори во Украина
Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата трет ден во Тирана
Сојузниците на НАТО ќе се справат со нападите врз бродови во Црното Море
Сириски извозен гасовод бил цел на напад, предизвикан е пожар