Њујорк пост: Трамп не е задоволен од новиот врховен лидер на Иран

Во разговор за таблоидот, Трамп, исто така, ја отфрли можноста за какво било непосредно распоредување на американска војска во подземниот објект за збогатување на нуклеарно оружје на Иран во близина на Исфахан

By
Trump / AP

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е задоволен“ од новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, објави денеска „Њујорк пост“.

Во разговор за таблоидот, Трамп, исто така, ја отфрли можноста за какво било непосредно распоредување на американска војска во подземниот објект за збогатување на нуклеарно оружје на Иран во близина на Исфахан, велејќи: „Не сме донеле никаква одлука за тоа. Не сме блиску до тоа“.

56-годишниот Хамнеи стана нов врховен лидер на Иран во текот на викендот - само трет од револуцијата во земјата во 1979 година. Иранските власти го опишаа неговото назначување како чекор кон зајакнување на националното единство.

Ајатолахот Али Хамнеи, претходниот врховен лидер и татко на Моџтаба Хамнеи, ја држеше функцијата 37 години. Заеднички воздушен напад на САД и Израел на 28 февруари го погоди неговиот дом во Техеран, при што загина 86-годишниот лидер.