| Macedonian
Пад на цените на нафтата и раст на берзите по договорот меѓу САД и Иран
Цената на „брент“ нафтата падна за околу 13% на 94,8 долари по барел, додека американската нафта се намали за повеќе од 15%, но, експертите предупредуваат дека целосно стабилизирање на пазарот ќе бара повеќе време
Пад на цените на нафтата и раст на берзите по договорот меѓу САД и Иран
Пазарите реагираат позитивно- берзите во Азија забележаа значителен раст, особено во Јужна Кореја / AP

Глобалните цени на нафтата нагло паднаа, а берзите пораснаа откако САД и Иран постигнаа условен двонеделен договор за прекин на огнот и повторно отворање на Ормускиот теснец, пренесе „Би-Би-Си“.

Цената на „брент“ нафтата падна за околу 13% на 94,8 долари по барел, додека американската нафта се намали за повеќе од 15%. Сепак, цените остануваат повисоки од периодот пред конфликтот.

Пазарите реагираа позитивно- берзите во Азија забележаа значителен раст, особено во Јапонија и Јужна Кореја.

Криптовалутите исто така пораснаа: биткоинот порасна за 3,4% на 71.664,41 долари, додека етереумот скокна за 5,7% на 2.234,78 долари.

Во меѓувреме, златото скокна за 2 отсто на околу 4.800 долари за унца. Среброто се зголеми за 4,5 отсто на над 76 долари за унца.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави пауза во нападите врз Иран од две недели, под услов да се обезбеди безбедно отворање на теснецот.

Иако се очекува делумно олеснување со продолжување на транспортот на нафта, експертите предупредуваат дека целосно стабилизирање на пазарот ќе бара повеќе време.

Штетите врз енергетската инфраструктура се големи и обновата може да трае со месеци или години, со трошоци над 25 милијарди долари.

Најпогодени се азиските земји зависни од увоз на енергенси, додека авио-компаниите веќе ги зголемија цените поради поскапото гориво.

Повеќе
Осуммина загинаа во немири во затвори во Еквадор, соопштија властите
Пашинјан: Ерменија и Азербејџан може да го потпишат мировниот договор во периодот 2027-2028
Мерц смета дека Црна Гора е блиску до скоро приклучување кон ЕУ
Медиуми: Трамп бара од Маск да го укине ограничувањето на брзината на „Старлинк“ во Украина
Туркије и Канада воспоставувија стратешко партнерство
Карни: Врските на Канада и Туркије ќе се развиваат со генерации
Путин именува пет нови членови на руската влада
Гутереш: Ситуацијата во окупираниот Западен Брег е целосно надвор од контрола
Ердоган: Туркије и Канада ќе започнат разговори за слободна трговија пред крајот на годината
Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
Јаневска во Брисел: Создаваме услови да ги задржиме младите истражувачи и спречиме одлив на мозоци
Сараево домаќин на меѓународен саем за туризам, со повеќе од 200 претставници од осум земји
Во Истанбул започна 19-тиот Евроазиски економски форум „Верона“
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ