| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Палестинско бебе почина од студ додека Израел продолжува да ја блокира помошта за Газа
Седуммесечно палестинско бебе почина од екстремен студ во Газа, што ја истакнува влошената хуманитарна криза со која се соочуваат раселените семејства кои живеат во шатори и преполни засолништа
Палестинско бебе почина од студ додека Израел продолжува да ја блокира помошта за Газа
Бројот на смртни случаи поврзани со студот зимава во Газа стигна до 30, од кои девет деца, а сите жртви биле раселени Палестинци / AA

Палестинско бебе почина од изложеност на екстремен студ во Газа, со што бројот на деца кои починале од причини поврзани со студот оваа зима се искачи на девет, според медицински извор.

Седуммесечната Шата Абу Џарад, од населбата ал Дараџ во градот Газа, почина во вторник откако нејзиното срце застана поради силниот студ, изјави изворот за Анадолија.

Нејзината смрт доаѓа додека раселеното население во Газа продолжува да се соочува со тешки хуманитарни услови.

Стотици илјади семејства живеат во шатори или преполни засолништа со мала заштита од зимското време, без соодветни ќебиња, топла облека и греење по повеќе од две години геноцидна војна на Израел.

И покрај договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври, Израел продолжи со нападите врз Газа и го блокира влезот на материјали за засолништа во енклавата, вклучувајќи шатори и мобилни куќи, велат службениците за помош.

Kaтастрофални хуманитарни последици

Минатата недела, владината канцеларија за медиуми на Газа објави дека вкупниот број на смртни случаи поврзани со студот се приближил до 30, а сите жртви биле раселени Палестинци кои живееле во импровизирани кампови.

Канцеларијата, исто така, соопшти дека околу 7.000 шатори биле уништени од неодамнешните бури што ја погодија енклавата, предупредувајќи за „катастрофални хуманитарни последици“ со враќањето на ниските температури.

Израел принуди повеќе од 1,5 милиони Палестинци да се сместат во кампови за раселување по широко распространетото уништување на домовите и инфраструктурата.

Од октомври 2023 година, речиси 70.700 луѓе - претежно жени и деца - се убиени во Газа, а повеќе од 171.000 се повредени, според палестинските здравствени службеници.

Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години