| Macedonian
Мерц: Германија мора да ја предводи електрификацијата на автомобилската индустрија
Сакаме да ја обликуваме трансформацијата на автомобилската индустрија, а не само да ја следиме, како и да ги искористиме одличните можности што оваа трансформација ги нуди на германската автомобилска индустрија и на цела Германија, рече Мерц
Мерц: Германија мора да ја предводи електрификацијата на автомобилската индустрија
Мерц се обрати на отворањето на Саемот за автомобили во Минхен / Reuters

Германија мора да преземе водечка улога во транзицијата на автомобилската индустрија кон електрична мобилност, изјави денес канцеларот на земјата Фридрих Мерц на отворањето на Саемот за автомобили во Минхен, кој се одржува од 9 до 12 септември.

„Сакаме да ја обликуваме трансформацијата на автомобилската индустрија, а не само да ја следиме, како и да ги искористиме одличните можности што оваа трансформација ги нуди на германската автомобилска индустрија и на цела Германија“, рече Мерц.

Германскиот канцелар најави дека во следните четири до шест недели ќе се сретне со производители на автомобили, добавувачи и други претставници на автомобилската индустрија за да разговараат за предизвиците со кои се соочува овој сектор, пренесува Ројтерс.

Во исто време, тој предупреди дека прекумерната регулација претставува сериозен ризик за иднината на автомобилската индустрија.

Европските производители на автомобили се соочуваат со удар од американските царини, конкуренцијата од Кина и високите трошоци, но се надеваат дека Саемот за автомобили во Минхен ќе биде пресвртница.

Мерк додаде дека Германија планира да ги зголеми инвестициите и да го зајакне својот имиџ како привлечна бизнис дестинација со цел да го стимулира економскиот раст, додава британската агенција.

Повеќе
Кремљ: Внимателно ќе го следиме Самитот на подготвените за Украина
Алиев: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се модел што треба да го земат како пример соседните земји
Израелската армија урива и пали куќи во јужен Либан и покрај рамковниот договор
Кина пак апелира за слободен и безбеден сообраќај низ Ормуз по обновените напади меѓу САД и Иран
Турскиот и египетскиот министер за одбрана на средба за проширување на безбедносната соработка
Собранието разреши седум министри во рамки на реконструкцијата на Владата
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
Дизелот поскапува за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари
Јилмаз: Силната одбранбена индустрија е клучна за стратешката независност на Туркије
Туркије достави 30 тони хуманитарна помош за Венецуела по катастрофалните земјотреси
ЦЕНТКОМ: САД завршија нов бран напади врз Иран
Иран тврди дека ги погодил американските воени објекти во Бахреин и радарските системи во Оман
Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за новите санкции кон Русија
Зеленски ја смени премиерката Свириденко, најави реконструкција на украинската влада
Иран го затвори Oрмуз, ги напаѓа земјите од Персискиот Залив по нападите на САД