| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Кина побара да не се таргетира новозначениот ирански врховен лидер
Со неговото назначување, 56-годишниот Моџтаба станува третиот врховен лидер на Републиката од Исламската револуција во 1979 година
Кина побара да не се таргетира новозначениот ирански врховен лидер
Кина се спротивставува на таргетирањето на новиот врховен лидер на Иран / Reuters

Назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на Иран е „во согласност со уставот на земјата“, соопшти Кина, спротивставувајќи се на нападите врз 56-годишниот свештеник.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Гуо Џиакун, одговараше на прашање за одлуката донесена во неделата од страна на иранското Собрание на експерти, кое го прогласи Моџтаба за наследник на неговиот татко, Али Хамнеи, кој беше убиен во воздушните напади на САД и Израел врз Техеран на 28 февруари.

Гуо рече дека Пекинг ги забележал извештаите за назначувањето на Моџтаба, но не даде дополнителни коментари.

Моџтаба, свештеник од среден ранг со блиски врски со Исламската револуционерна гарда, беше избран од страна на иранското Собрание на експерти, тело од 88 члена одговорно според Уставот за назначување на највисокиот политички и религиозен орган во земјата.

Со неговото назначување, 56-годишниот Моџтаба станува третиот врховен лидер на Републиката од Исламската револуција во 1979 година.

САД и Израел продолжуваат со голема воена кампања против Иран од 28 февруари, во која загинаа повеќе од 1.250 луѓе, вклучувајќи го врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и 165 ученички.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел и земјите од Заливот каде што се наоѓаат американски воени капацитети.

Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на други земји под каков било изговор, рече Гуо, кога беше прашан за коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп дека новиот ирански лидер „нема да трае долго“ без „одобрување“ од неговата администрација.

„Суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на Иран треба да се почитуваат“, рече Гуо, повторувајќи го повикот на Кина за „итен“ прекин на воениот конфликт и продолжување на дијалогот.

Повеќе
Командантот на КФОР вели дека Туркије е меѓу главните придонесувачи во мисијата на НАТО на Косово
Трамп повторно го притиска претседателот на Израел да го помилува Нетанјаху
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“
Фидан: Во ЕУ нема политичка волја за членството на Туркије
ЦЕНТКОМ ќе го информира Трамп за нови воени опции во Иран
Изведен пред суд екс директорот на ФБИ кој се судри со Трамп
Туркије: Постапките на Израел против Глобалната флотила за Газа се чин на пиратство
Израел заплени и онеспособи бродови од Флотилата за Газа во меѓународни води
Трамп: Повлекувањето на ОАЕ од ОПЕК ќе ја намали цената на нафтата
Средба Фон дер Лајен – Маѓар во Брисел: Унгарија наскоро ќе добие средства од ЕУ
Путин предложил прекин на огнот во Украина на 9 мај, а Трамп ја прифатил идејата
Зеленски објави санкции за руски функционери и бродови кои се користат за извоз на руски енергенси
Мерц: Слободниот транзит по глобалните морски линии е клучен за економски успех
Ердоган повика на единство и братство во услови на регионалните предизвици
Силјановска Давкова- Пармелан: Швајцарија е еден од нашите најголеми донатори