| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Бродот со помош „Мадлин“ пристигна во израелското пристаниште Ашдод под воена придружба
Израелските сили го запленија бродот рано во понеделник, пренасочувајќи го од неговата мисија да достави критична помош до опколената енклава со образложение дека се приближува кон „ограничена зона“
Бродот со помош „Мадлин“ пристигна во израелското пристаниште Ашдод под воена придружба
На бродот има 11 активисти и еден новинар, меѓу нив и шведската климатска активистка Грета Тунберг / AP
9 јуни 2025

Бродот со помош „Мадлим“, натоварен со витални хуманитарни материјали за Газа, пристигна во израелското пристаниште Ашдод во понеделник вечерта под воена придружба, објави дописникот на Анадолу.

Израелските сили го запленија бродот рано во понеделник, пренасочувајќи го од неговата мисија да достави критична помош до опколената енклава.

Бродот пристигна во Израел во придружба на израелски воени бродови, јави дописникот.

Израелското Министерство за надворешни работи претходно денеска соопшти дека морнарицата му наложила на бродот „Мадлин“ да го промени курсот поради неговото приближување кон она што го нарече „ограничена зона“.

Како дел од најновата мисија организирана од Коалицијата „Флотила на слободата“ за пробивање на блокадата врз Газа и доставување помош во регионот, 18-метарскиот брод „Мадлин“ исплови за Газа на 1 јуни од пристаништето Сан Џовани Ли Кути во Катанија, Сицилија, Италија.

На бродот се наоѓаат вкупно 12 лица, вклучувајќи 11 активисти и еден новинар.

Меѓу нив се шведската климатска активистка Грета Тунберг, француско-палестинската пратеничка во Европскиот парламент Рима Хасан, Јасемин Акар од Германија, Батист Андре, Паскал Мауриерас, Јанис Мхамди и Рева Вијард од Франција, Тијаго Авила од Бразил, Суајб Орду од Турција, Серхио Торибио од Шпанија, Марко ван Рен од Холандија и Омар Фајад, новинар во Ал Џезира Мубашер, исто така од Франција.

Бродот носи итно потребни залихи за луѓето од Газа, вклучувајќи формула за бебиња, брашно, ориз, пелени, женски санитарни производи, комплети за десалинизација на вода, медицински потрошен материјал, патерици и детски протези, велат организаторите.

Повеќе
Фидан разговараше со колегите од Пакистан и Иран за мировните разговори меѓу Вашингтон и Техеран
Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, а бензините за 1,5 денар за литар
Либан и Израел во Вашингтон ги почнаа првите директни разговори по повеќе од 30 години
Смотрич го критикува Мерц за предупредувањето за нелегалната анексија на Западниот Брег
Црногорските превозници почнаа блокада на товарниот сообраќај на граничните премини
Иран обвини пет арапски држави за учество во американско-израелските напади и бара отштета
Италија ќе го замрзне одбранбениот договор со Израел
Убиени уште тројца Палестинци во Газа, бројот на жртви достигна 72.300
Најмалку 17 лица убиени во новите израелски воздушни напади во јужен Либан
ИФРЦ планира повеќе пратки помош од Туркије за Иран
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата
Израел не прифати примирје во Либан на преговорите во Вашингтон
Туркије ќе се залага за фер финансирање за климата на COP31
Вучиќ предупреди на глобална економска криза и можни конфликти
Рама: Албанија во 2030 година членка на ЕУ е цивилизациски избор