| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Туркије е првиот полуфиналист на Еуробаскет по победата против Полска
По целосно изедначена прва четвртина, Туркије во втората го засили темпото и на полувремето водеше со 46-32, за да Полјаците се распаднат во третиот период кога турските кошаркари остварија недостижна предност за конечен триумф од 91-77
Туркије е првиот полуфиналист на Еуробаскет по победата против Полска
Шенгун го заврши мечот со 19 поени, 12 скока и 10 асистенции со што стана најмладиот играч во историјата на Еуробаскетите кој остварил трипл-дабл / AA

Кошаркарската репрезентација на Туркије е првиот полуфиналист на Евробаскетот, откако ја победи Полска со 91-77 (19-19, 27-13, 19-18, 26-27) во четвртфиналниот натпревар во Рига, Летонија.

Туркије во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Грција и Литванија во вторник во 20 часот.

По целосно изедначена прва четвртина, Туркије почна да се одвојува во втората кога поведе со двоцифрена разлика (36-26), а на полувремето водеше со 46-32, правејќи огромен чекор кон полуфиналето.

Полска, предводена од хрватскиот стратег Игор Миличиќ, целосно се распадна на почетокот на второто полувреме. Во 27. минута, Туркије се одлепи со огромно водство од 63-40, кое дефинитивно го реши натпреварот. Во финишот турските кошаркари попуштија и му дозволија на противникот да ја намали разликата.

Најдобар играч на Туркије беше Алперен Шенгун кој имаше 19 поени, 12 скока и 10 асистенции, со што стана најмладиот кошаркар во историјата на Еуробаскетите кој остварил трипл-дабл.

Шејн Ларкин постигна 13 поени со пет скока и пет асистенции. Лошата вест за Туркије е повредата на Чеди Осман за време на натпреварот.

За Полска, Џордан Лојд и Матеуш Понитка постигнаа по 19 поени, а вториот додаде шест асистенции и шест скока.

Во среда ќе се играат преостанатите два четвртфинални натпревари, а ќе се сретнат Германија - Словенија и Финска - Грузија.

Повеќе
Кос: Во Европската Унија има место за сите држави од Западен Балкан
ЕУ се согласи на санкции насочени кон израелските окупатори на Западниот Брег
Турско-белгиски бизнис форум: Стремеж кон подлабоки трговски односи и инвестициски врски
Ердоган: Геополитичките промени ја нагласуваат потребата од поблиски односи меѓу Туркије и ЕУ
Прево: Белгија гледа значаен потенцијал за продлабочување на стратегиското партнерство со Туркије
Евровизија се соочува со обновени критики за „ционистичко перење“ околу Израел
Судот во Бангладеш забранува откривање на полот на нероденото дете
Трамп ќе ја посети Кина за прв пат по девет години
САД репатрираат 17 граѓани од крузер по појавата на хантавирус
Франција го потврди првиот случај на хантавирус од крузерот МВ Хондиус
Израелски воен наредник убиен во борби на границата со Либан
Иран ќе бара компензација од САД и го одби планот на Трамп
Фидан разговараше со Арагчи за преговорите САД-Иран
САД се против израелска анексија на окупираниот Западен Брег
Што го прави Орду различен од остатокот од Туркије