| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Секој денар од буџетот ќе биде насочен таму каде што создава најголема вредност
Новоформираниот Комитет за јавни набавки ќе ги одобрува капиталните проекти со вредност од над пет милиони евра, а вкупната вредност на јавните инвестиции во моментот е 3,3 милијарди евра за следните пет години, изјави премиерот
Мицкоски: Секој денар од буџетот ќе биде насочен таму каде што создава најголема вредност
Времето на стихијно планирање заврши, доаѓа време на систем, одговорност и резултати, изјави премиерот по седницата на Комитетот / Others

Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува нов, поцврст и поодговорен механизам за одлучување, кој не се води од импровизации, туку од јасни критериуми, визија и стратегија, порача премиерот Христијан Мицкоски на седницата на новоформираниот Комитет за јавни набавки.

Ова новоформирано тело врз основа на методологија ќе ги одобрува капиталните проекти што ќе бидат на конечната листа и ќе ја следи нивната реализација.

„Денес правиме чекор кој долго време недостасуваше во системот на управување со јавните инвестиции. Целта што ја поставуваме е јасна: секој денар од буџетот да биде насочен таму каде што создава најголема вредност. Таму каде што носи раст, отвора работни места и го подобрува квалитетот на животот. Времето на стихијно планирање заврши. Доаѓа време на систем, одговорност и резултати. Ние како Влада во изминатиот период ги поставивме темелите. Сега е време тие темели да се надградат со систем кој ќе гарантира резултати“, рече премиерот.

Мицкоски, по седницата на Комитетот, истакна дека почнува нова пракса со алатка за следење на реализацијата на големи јавни инвестиции.

„Вкупната вредност во моментот е 3,3 милијарди евра за следните пет години. Ова е сериозна бројка, повеќето се проекти поврзани со градежништвото, над 600 милиони евра годишно. Ќе треба да се организираме и мобилизираме да можеме да ги реализираме овие проекти. Како Влада, ќе сториме сè за да обезбедиме финансирање, а делот на реалзиација што треба да го зголеми БДП не зависи само од Владата, туку и од проектниот менаџмент на изведувачите“, рече Мицкоски.

Како што појасни министерката за финансии Гордана Димитриекса-Кочоска, ќе има нов начин на одлучување за капиталните проекти со вредност од над пет милиони евра, со што, посочи, потранспарентно и поорганизрано ќе се носат одлуки за прокетите и поедноставно ќе се планараат буџетите.

„Ќе зборуваме за предлог-идеи што ќе се најдат на конечната листа. Не станува збор за проекти за кои веќе се обезбедени средства, туку за проекти за кои Комитетот, кој го сочинуваат сите министерства во Владата, ќе носат одлуки дали се важни, приоритни и треба да се реализират во периодот што следува. Секако, во согласност со можностите во буџетот, така ќе оди и носењето на одлуките за почнување и реализација“, рече Димитриеска-Кочоска.

Премиерот во обраќање на седницата на Комитетот појасни дека листата на проектни идеи, која се разгледува, е резултат на координиран пристап на повеќе институции и претставува силна основа за развој во клучните сектори.

„Во транспортот зборуваме за модерни железници, нови електрични локомотиви, реконструкција на делници и поврзување преку коридорите 8 и 10. Тоа значи побрз проток на стоки, подобра поврзаност и посилна економија. Во образованието продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата на знаењето, со завршување на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Универзитетот „Мајка Тереза“. Затоа што иднината не се гради без силен образовен систем. Во здравството инвестициите во регионалните клинички болници во Тетово, Штип, Кичево значат подобра здравствена заштита, современи услови и достоинствен третман за секој граѓанин“, наведе Мицкоски.

Во дигиталната трансформација, тој дополни, поставуваме темели на модерна држава преку воспоставувања владин податочен центар, сигурна мрежа и зајакната кибербезбедност.

„Тоа е основа за ефикасна, транспарентна и дигитална администрација. Во земјоделството и водостопанството инвестициите во системите, како Злетовица, Стрежево и ревитализацијата на водните ресурси, се инвестиции во стабилноста на производството и сигурноста на храната. Во енергетиката, преку проектите на АД ЕСМ, ја зајакнуваме енергетската независност со нови капацитети, обновливи извори на енергија, батериски системи и модернизација на постојната инфраструктура. Ова е борба за сигурна и достапна енергија за граѓаните и стопанството“, вели премиерот.

Формиран врз основа на Законот за буџетите, Комитетот за јавни инвестиции работи во согласност со уредбата за управување со јавни инвестиции.

Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци