РЕГИОН
2 мин читање
ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар
„Во единствениот избирачки список запишани се 1.832.415 избирачи, а во земјава има 3.480, но в недела ќе бидат отворени 3.474 избирачки места бидејќи во шест избирачки места нема население, односно нула гласачи“, нагласи Кондарко.
ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
16 октомври 2025

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар.

Во изјава за медиумите, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека седумнаесет тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во земјава.

„Согласно законските рокови и планот на ДИК денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, ДИК врши дистрибуција и примопредавање на целокупниот доверлив изборен материјал до сите 80 Општински изборни комисии (ОИК) и комисијата на Град Скопје. Доверливиот изборен материјал се состои во сите испечатени изводи на ибирачките списоци, испечатеани изводи на оригиналните обрасци записници за секое избирачко место и секоја ОИК, како и сите гласачки ливчиња. Седумнасет тимови на ДИК во текот на денов заедно со обезбедување на МВР ја вршат дистрибуцијата на материјалот. Испечатени се вкупно 4.613.438 гласачки ливчиња за цела држава, а тоа се ливчињата за градоначалници, советници, како и за гласачките ливчиња за Град Скопје, посебно за градоначалници и посебно за Совет на Град Скопје“, посочи Кондарко.

Битолската печатница изработи 254.262 испечатени страници на избирачките списоци и посебните изводи на избирачките списоци, потоа 8.692 обрасци оригинални записници како доверлив иборен материјал за утврдување на изборните резултати и 8.330 примероци на Браејево писмо.

„Во единствениот избирачки список запишани се 1.832.415 избирачи, а во земјава има 3.480, но в недела ќе бидат отворени 3.474 избирачки места бидејќи во шест избирачки места нема население, односно нула гласачи“, нагласи претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар, информира Вангел Талевски, генерален директор на АД печатница „Киро Дандаро“-Битола.

„Доверливиот материјал го испечативме во рекордно време, два дена пред зададениот рок. Искуството од минатото ни овозможи овој предизвик успешно да го реализираме. Оваа година листите беа прилично долги, но материјалите ги подготвивме соодветно на барањата на ДИК и се заврши добро. Гласачките ливчиња се со двојна видлива и невидлива заштита и подготвени за успешни избори. Најдолгото ливче е 500 милиметри“, потврди Талевски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Локални избори во Косово: Самоопределување и ЛДК освоија по седум општини, Српска листа десет
Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
Косово гласа на вториот круг од локалните избори
Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо, Франција
Нападите на нелегалните израелски доселеници достигнаа највисок месечен број жртви за 20 години
Мицкоски: Владата ќе назначи повереници во општините во кои не се избрани градоначалници
Градски воз во Скопје: Побрз, поефикасен и поеколошки транспорт
Во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа шестмина мигранти, четворица се повредени
Грција се соочува со сè поголем недостиг на вода, најкритична состојбата во Атина
МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење
Мицкоски: Остануваме посветени на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци
Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Протест во Албанија против предлог-законот „За родова еднаквост“: Тој е „антинационален и антисемеен“
Вучиќ: Србија продолжува по својот европски пат, иако нашата позиција не е лесна
Турското МНР изрази сочувство до народот на Босна и Херцеговина по трагедијата во Тузла
Додик и по укинувањето на американските санкции се заканува со отцепување на Република Српска
Најмалку 11 загинати во пожар во Дом за пензионери во Тузла, БиХ
Мицкоски: Ги повторивме нашите позиции, веруваме дека нашата иднина е во ЕУ
Прекината истрагата против Додик за напад врз уставниот поредок
Косово: Глаук Коњуфца нов кандидат за премиер од Движењето Самоопределување