| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Владата на Србија испрати предлог до Вучиќ за распуштање на Собранието и распишување избори
Изборите се можност за зајакнување на институциите, за намалување на тензиите и отфрлање на политиката на исклучување и враќање на политичката борба од улиците во институциите, изјави премиерот Мацут
Владата на Србија испрати предлог до Вучиќ за распуштање на Собранието и распишување избори
Мацут, во образложението на одлуката наведе дека препораките на ОБСЕ дополнително и значително ги подобриле изборните услови во Србија

Владата на Србија денеска усвои предлог и го испрати до претседателот на Републиката Александар Вучиќ за распуштање на Народното собрание и распишување избори за пратеници.

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, во образложението на оваа одлука наведе дека во периодот што следеше по одржувањето на изборите на 17 декември 2023 година, на заинтересираните политички актери им беше овозможено да презентираат предлози за дополнително подобрување на изборните услови и изборното законодавство во Република Србија и дека овие услови, во однос на изразените ставови, а особено препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за европска безбедност и соработка, дополнително и значително ги подобрија изборните услови во Република Србија, објави владата.

„Одржувањето нови парламентарни избори во тие околности би обезбедило повисоко ниво на демократија, би ги намалило тензиите создадени меѓу спротивставените опции во општеството, би го отфрлило ексклузивитетот и говорот на омраза и би го потврдило правото на слободно изразување мислења и ставови за одредени политички, економски и други прашања, вклучително и понатамошна афирмација на европските вредности“, се наведува во образложението.

Премиерот Мацут во обраќањето на седницата рече дека изборите никогаш не биле знак на слабост на државата.

„Изборите се доказ за непоколебливата сила на демократска Србија, која безрезервно му верува на својот народ. И ние веруваме во граѓаните на Србија, веруваме во обединета Србија. Затоа предлагам Владата на Република Србија, во согласност со Уставот, да му предложи на претседателот на Републиката да го распушти Народното собрание и да распише избори за пратеници“, рече Мацут, обраќајќи се на седницата.

Тој додаде дека изборите се можност за зајакнување на институциите, за намалување на тензиите и отфрлање на политиката на исклучување и враќање на политичката борба од улиците во институциите.

Според Уставот, истовремено со распуштањето на Народното собрание, претседателот на Републиката треба да распише избори за пратеници, така што изборите мора да се завршат најдоцна 60 дена од денот на распишувањето.

Законот за избор на народни пратеници предвидува дека од денот на распишување на изборите до денот на гласањето не можат да поминат помалку од 45, ниту повеќе од 60 дена.

Претседателот Вучиќ, претходно изјави дека изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври, а дека ќе ги распише изборите најдоцна на 9 или 10 септември. Народното собрание има 250 пратеници, кои се избираат на четири години.

Повеќе
Русија и Северна Кореја го отворија првиот патен мост преку реката Тумен
Јапонската метеоролошка агенција издаде највисоко предупредување за свлечиште за островот Ниџима
Студија: Израел изгуби 1.370 лекари за три години поради интензивирањето на одливот на мозоци
Иран ја предупредува Јужна Кореја за „сериозни последици“ поради воената улога во Ормускиот теснец
АФД слави историска победа на изборите во Саксонија-Анхалт
Осма жртва од западнонилска треска
Турската министерка Оздемир Ѓокташ оствари средба со претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши
Туркије и Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка во областа на социјалните услуги
Израелски весник со план за задолжените Американци: Отпишување на долгот, па во инвазија на Иран
Туркије работи на завршување на војната меѓу САД и Иран, му рекол Ердоган на лидерот на ОАЕ
Како покраинските избори во Германија го тестираат патот на крајната десница до власта
Турска претприемачка ги претвора фрлените школки во вештачки гребени
Бесконечно играње игри:Каде завршува интензивната ангажираност, а каде започнува штетното однесување
Како еден турски мајстор ја усовршил уметноста на интарзија на седеф
Две години по убиството на турско-американската активистка на Западниот Брег нема истрага во САД