| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
РСМ се искачи за осум места на StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа
Според извештајот, земјата остварила 75 отсто годишен раст на стартап екосистемот, што претставува највисока стапка на раст во регионот и шести најголем напредок меѓу првите 100 екосистеми на глобално ниво
РСМ се искачи за осум места на StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа
РСМ се искачи за осум места на StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа / Other

Северна Македонија бележи историски напредок во најновиот StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026, искачувајќи се за осум позиции и достигнувајќи го 70. место во светот, со што е препознаена како најбрзорастечки стартап екосистем во Јужна Европа.

Според извештајот, земјата остварила 75 отсто годишен раст на стартап екосистемот, што претставува највисока стапка на раст во регионот и шести најголем напредок меѓу првите 100 екосистеми на глобално ниво. Истовремено, Скопје за првпат влезе меѓу 500-те најдобри стартап градови во светот, пласирајќи се на 457. Место, соопштуваат од Стартап клуб Скопје.

Особено значајно е што во официјалниот извештај на StartupBlink, каде што најважна пресвртници за развојот на македонскиот стартап екосистем во 2025 година е Startup Revolution AI Summit 2025, организиран од Startup Club Skopje.

Во делот посветен на клучните екосистемски достигнувања, StartupBlink го наведува фактот дека Startup Club Skopje е домаќин на Startup Revolution AI Summit 2025, препознавајќи го настанот како најзначајна иницијатива која придонесува за меѓународно поврзување на стартапите, инвеститорите, компаниите и иновациските организации.

„Ова претставува едно од најголемите меѓународни признанија досега за Startup Club Skopje и за Startup Revolution AI Summit, кој во 2025 година обедини повеќе од 1.200 учесници од над 30 држави, вклучувајќи стартапи, инвеститори, фондови за ризичен капитал, технолошки компании, медиуми и лидери на стартап екосистеми од регионот и пошироко. Дополнително, StartupBlink го вбројува Startup Club Skopje меѓу клучните организации што го градат македонскиот стартап екосистем, заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, Startup Macedonia, Swiss Entrepreneurship Program и Business Accelerator UKIM“, стои во соопштението.

Во извештајот е објавена и изјава од Сашо Јовановски, претседател на Startup Club Skopje.

„Стартап екосистемот во Северна Македонија се развива преку силна соработка во заедницата и нова генерација основачи со глобални амбиции. Со достапен талент, сè поголеми регионални и меѓународни поврзувања и брз развој на вештини поддржани од вештачката интелигенција, основачите имаат пристап до информации и алатки за побрз развој. Иницијативите предводени од заедницата, како Startup Club Skopje и Startup Revolution AI Summit, придонесуваат за поврзување на екосистемот со глобални можности и пристап до инвестиции“, вели Јовановски.

Препознавањето на Startup Revolution AI Summit како официјална пресвртница во извештајот на StartupBlink претставува потврда дека настаните создадени во Македонија можат да имаат регионално и глобално влијание. Истовремено, тоа е признание за долгогодишната работа на Startup Club Skopje во градењето на претприемачка култура, поддршка на основачите и создавање меѓународни можности за македонските стартапи.

„Вклучувањето на Startup Revolution AI Summit 2025 во глобалниот извештај на StartupBlink е јасен сигнал дека Северна Македонија повеќе не е само учесник во регионалната стартап приказна, туку станува препознатлив центар за иновации, технологија и вештачка интелигенција на Балканот и пошироко“, наведуваат од Стартап клуб Скопје.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија
Кошта: ЕУ е најзаначајниот партнер на Србија, вратите на Унијата остануваат отворени
Советот на ЕУ ги одобри преговорите со Западен Балкан за укинување на роамингот
Мал авион се сруши во Хрватска, има неколку загинати
Кошта во Приштина: ЕУ го поддржува Косово, но не можеме да ја работиме вашата работа
Црна Гора депортирала цел авион што долетал од Србија
Финансиска полиција: Приведени повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание
Сиљановска Давкова: Европа е наш природен природен дом, бараме еднаков третман
Сиљановска Давкова-Пелегрини: Сите земји кандидатки треба да имаат еднаков третман на патот кон ЕУ