Познати сите 48 учесници на Светското фудбалско првенство

БиХ, Чешка, Шведска, Туркије, Демократска Република Конго и Ирак се последните селекции кои обезбедија пласман на годинашното Светско првенство во САД, Канада и Мексико

By
Италија ќе го пропушти својот трет мундијал по ред откако беше елиминирана од БиХ, a Ирак ја совлада Боливија и се пласираше на СП по 40 години пауза / AP

По победите на Ирак над Боливија од 2:1 и на ДР Конго против Јамајка од 1:0 по продолженија во интерконтиненталните баражи, познати се сите 48 селекции кои ќе учествуваат на Светското првенство во фудбал, како и изгледот на групите.

Останува само и дефинитивно да се потврди дали Иран ќе игра.

БиХ, Чешка, Шведска, Турција, Демократска Република Конго и Ирак се последните селекции кои обезбедија пласман на годинашното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.

Четирикратниот светски првак Италија ќе го пропушти својот трет мундијал по ред откако беше елиминирана од БиХ по изведувањето пенали во Зеница. Еспозито и Кристанте беа непрецизни за Италија во пенал-серијата, а домашната селекција ги реализираше сите удари, откако по 120 минути игра беше 1:1.

И додека Италијанците беа во солзи, десетици илјади луѓе го славеа вториот пласман на БиХ на светските првенства.

Историска шанса испушти Косово, откако во Приштина изгуби од Туркије со 1:0, Шведска ја победи Полска со 3:2, додека Чешка беше подобра од Данска, исто така по изведувањето пенали (2:2 по 120 минути игра, 3:1 по пенали).

Во интерконтиненталните баражи, ДР Конго ја совлада Јамајка со 1:0 и ќе игра на СП за првпат од 1974 година, кога оваа држава се викаше Заир. Во другиот меч, Ирак ја совлада Боливија со 2:1 во Мексико и се пласираше на СП по 40 години пауза.

Група А

Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, Чешка

Група Б

Канада, Катар, Швајцарија, Босна и Херцеговина

Група Ц

Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска

Група Д

САД, Парагвај, Австралија, Турција

Група Е

Германија, Курасао, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор

Група Ф

Холандија, Јапонија, Тунис, Шведска

Група Г

Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд

Група Х

Шпанија, Зеленортски острови, Саудиска Арабија, Уругвај

Група И

Франција, Ирак, Сенегал, Норвешка

Група Ј

Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан

Група К

ДК Конго, Португалија, Узбекистан, Колумбија

Група Л

Англија, Хрватска, Гана, Панама.