| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Седлоски: Подготвени сме за предизвикот со Туркије
„Туркије е исклучително квалитетна репрезентација со фудбалери кои настапуваат на највисоко европско ниво. За нас ова е уште еден важен тест во процесот на градење на тимот.“
Седлоски: Подготвени сме за предизвикот со Туркије
Седлоски: Подготвени сме за предизвикот со Туркије / Other

Македонската репрезентација во Истанбул, ги привршува подготовките за контролниот натпревар против Туркијр, една од селекциите кои обезбедија пласман на Светското првенство.

Во пресрет на дуелот на стадионот „Шукру Сарачоглу“, селекторот Гоце Седлоски истакна дека натпреварот претставува одлична можност за проверка на квалитетите на новиот тим што се создава.

„Турција (Туркије) е исклучително квалитетна репрезентација со фудбалери кои настапуваат на највисоко европско ниво. За нас ова е уште еден важен тест во процесот на градење на тимот. Немаме многу време за работа, но задоволен сум од односот и ангажманот на играчите. Сакам да се претставиме во добро светло и да покажеме дека можеме рамноправно да се носиме и со вакви противници“, изјави Седлоски.

Селекторот најави можност за промени во составот во однос на натпреварот против Босна и Херцеговина, со цел шанса да добијат и останатите репрезентативци.

„Во составот имаме многу нови играчи, меѓу нив и седуммина од домашното првенство. Важно е сите да почувствуваат што значи да се игра за репрезентацијата и постепено да се вклопат во системот. Резултатот е важен, но уште поважно е да изградиме препознатлива игра и тимска хемија“, додаде Седлоски.

На прес-конференцијата се обрати и Езѓан Алиоски, кој порача дека ваквите натпревари се од големо значење за развојот на селекцијата.

„Ова се мечеви од кои можеме многу да научиме. Против Босна и Херцеговина покажавме добри работи, но јасно е дека е потребно време за да се воиграме. Секој ваков натпревар е ново искуство и нов чекор напред за тимот“, рече Алиоски.

Македонскиот репрезентативец зборуваше и за значењето на дресот со број 10, кој го носи во отсуство на капитенот Енис Барди.

„Голема чест е да се носи тој број во националниот тим. Сепак, најважно е она што ќе го покажеш на теренот. Репрезентацијата секогаш ми била посебен мотив и се надевам дека ќе продолжам да придонесувам за нејзините успеси“, истакна Алиоски.

Контролниот натпревар ќе се одигра денес на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, со почеток во 18:30 часот.







ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Британскиот премиер го обвини Илон Маск за поттикнување поделби околу убиство на студент
Путин: Русија е подготвена да направи некои компромиси за мировниот договор со Украина
Американскиот Сенат гласаше против Законот SAVE America на администрацијата на Трамп
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
САД воведуваат санкции врз кубанскиот лидер Мигел Дијаз-Канел, додека тензиите на Карибите растат