| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Учество на собраниска делегација на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
Главна тема на генералната дебата е „Негување надеж, консолидирање на мирот и обезбедување правда за идните генерации“.
Учество на собраниска делегација на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
Учество на собраниска делегација на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул / MIA

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Африм Гаши, претседател на Собранието и шеф на Делегацијата во Интерпарламентарната унија (ИПУ), Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Арбана Пашоли и Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Арбана Пашоли и Јована Мојсоска, членови на Делегацијата и Марина Димовска, генерален секретар на Собранието, ќе учествува на 152. Собрание на ИПУ, што ќе се одржи од 15 до 19 април 2026 година во Истанбул, Република Турција. Домаќин на настанот е Големото турско национално Собрание.

Главна тема на генералната дебата е „Негување надеж, консолидирање на мирот и обезбедување правда за идните генерации“. На 152. Собрание ќе заседаваат сите статутарни тела на ИПУ, вклучувајќи ги Управниот совет, четирите постојани комисии, Форумот на жени пратенички, Форумот на млади пратеници, Комитетот за човекови права на пратениците и др. Во рамките на Генералната дебата ќе се одржи и посебен сегмент за отчетност во врска со спроведувањето на резолуциите и одлуките на ИПУ, а се очекува Собранието да усвои завршен документ за главната тема за дебата.

Исто така, се очекува усвојување на резолуции предложени од две комисии. Постојаната комисија за мир и меѓународна безбедност ќе дискутира за улогата на парламентите во воспоставувањето цврсти механизми за постконфликтно управување и во обновувањето на праведен и траен мир. Постојаната комисија за одржлив развој ќе разгледува прашања поврзани со градењето на праведна и одржлива глобална економија, со акцент на борбата против протекционизмот, намалувањето на тарифите и спречувањето на одбегнувањето на корпоративниот данок.

Едно од најзначајните прашања на ова Собрание е изборот на генерален секретар на ИПУ, кој ќе го замени досегашниот генерален секретар Мартин Чунгонг, чијшто трет и последен мандат истекува на 30 јуни 2026 година. Во потесниот избор се пет кандидати од различни региони на светот. На Собранието, исто така, ќе биде усвоена и новата Стратегија на ИПУ запериодот 2027-2032 година.

Оваа година се одбележува 50-годишнината од формирањето на Комитетот на ИПУ за човекови права на парламентарците, кој претставува единствен меѓународен механизам, посветен исклучиво на заштитата на правата на парламентарците ширум светот.

Во рамките на Собранието ќе се одржи и заседание на Здружението на генерални секретари на парламентите, како и работилници и дополнителни настани во врска со зајакнувањето на правата на лицата со попреченост, меѓурелигискиот дијалог, климатските промени и сл.

Интерпарламентарната унија е светска организација на парламентите. Основана е во 1889 година како прва мултилатерална политичка организација во светот, со цел за поттикнување на соработката и дијалогот меѓу нациите. Денес ИПУ брои 183 национални парламенти и 15 меѓународни парламентарни собранија и ги промовира мирот, демократијата и одржливиот развој. Собранието на Република Северна Македонија е активен член на оваа организација и редовно учествува во нејзините активности.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот
Израелски војник со чекан уништил статуа на Исус во  јужен Либан, Нетанјаху го осуди инцидентот
Муцунски-Шакалиев: Подготвеност за продлабочување на економската соработка
Румен Радев, поранешниот бугарски претседател и шеф на воздухопловните сили, се враќа на власт
САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец
Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за „терористичка организација“
Шпанија ја критикува Мачадо за „идеолошка“ посета и состаноци на крајнодесничарите
Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
Нетанјаху не се појави на судењето за корупција поради „безбедносно-дипломатски причини“
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите