| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Делегации од 77 земји протестираа за време на обраќањето на Нетанјаху пред ОН
Израелското Министерство за надворешни работи објави список од 77 земји кои ја напуштија салата, а меѓу нив се само седум европски земји- Туркије, Шпанија, Малта, Северна Македонија, Ирска, Босна и Херцеговина и Словенија
Делегации од 77 земји протестираа за време на обраќањето на Нетанјаху пред ОН
Отсуството на словенечката делегација е најголемото изненадување со оглед на тоа што новата словенечка влада воспоставува сè подобри односи со Израел

Делегации од 77 земји ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН или ги оставија своите места празни вчера, кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху започна со своето обраќање, во знак на масовен протест поради израелската офанзива во Газа и нападите низ регионот.

Имено, израелското Министерство за надворешни работи објави список од 77 земји кои ја напуштија салата, а меѓу нив се само шест европски земји- Туркије, Шпанија, Малта, Северна Македонија, Ирска, Босна и Херцеговина и Словенија.

Заминувањето на словенечката делегација е најголемото изненадување со оглед на тоа што новата словенечка влада воспоставува сè подобри односи со Израел.

Изненадувањето е уште поголемо бидејќи словенечката делегација во Њујорк ја предводи премиерот Јанез Јанша, кој имаше официјална средба со Нетанјаху околу еден час пред говорот на израелскиот претседател.

Некои земји оставиле само еден претставник или дипломат од понизок ранг, додека други воопшто не присуствувале на обраќањето.

На говорот не присуствувале претставниците на 20 африкански земји, 18 арапски земји, 13 азиски земји, 17 латиноамерикански и карипски земји и две земји од Океанија.

Меѓу земјите чии претставници се приклучија на протестот беа Палестина, Тунис, Сирија, Алжир, Јемен, Египет, Ирак, Саудиска Арабија, Јордан, Иран, Катар, Либан, Малезија, Индонезија и Кувајт, Бразил, Перу, Куба, Нигерија, Гана, Либија, Бангладеш, Авганистан, Оман, Нигер, Мадагаскар, Боцвана, Бахамите, Антигва и Барбуда, Кабо Верде и неколку други земји, исто така, ја напуштија салата или не присуствува

Протестот се случи во услови на континуирана меѓународна осуда на израелската офанзива врз Газа, политиките на Израел на окупираниот Западен Брег и неговите напади врз Либан и Сирија.

Независната меѓународна истражна комисија на ОН во септември 2025 година заклучи дека Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа. Израел го отфрли овој наод.

Нетанјаху, исто така, е предмет на налог за приведување издаден од Меѓународниот кривичен суд на 21 ноември 2024 година поради наводни воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Појасот Газа.

Претставниците на САД, Германија, Аргентина, Унгарија, Србија, Украина, Чешка и Грција останаа во салата на Генералното собрание за време на обраќањето на Нетанјаху.

Велика Британија, Франција, Ирска, Белгија и Норвешка, чии односи со Израел се соочуваат со зголемени тензии поради ситуацијата во Газа, исто така ги оставија своите претставници во салата, како и делегацијата на Европската Унија.

Кина, која повеќепати ги критикуваше постапките на Израел во Газа и на окупираниот Западен Брег, беше претставена од еден дипломат.

Делегациите на Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, кои ги нормализираа односите со Израел во рамки на Абрахаммовите договори, исто така останаа на своите места.

Меѓу другите земји чии претставници беа присутни за време на говорот беа Австралија, Австрија, Канада, Португалија, Полска, Данска, Романија, Словачка, Естонија, Литванија, Луксембург, Исланд, Азербејџан, Казахстан, Мексико, Кенија и Ел Салвадор.

Поради овој потег, големи делови од салата на Генералното собрание беа видливо празни додека Нетанјаху продолжи со своето обраќање.

Повеќе
Почна кампањата за претседателските избори во Бугарија
Двајца израелски војници загинале во експлозија на дрон во Газа
Трамп ги повика земјите да го напуштат МКС, за Кошта неприфатливи нападите кон судот
Бројот на загинати во инцидентот за време на воена вежба во Каспиското Море се искачи на 14
Туркије остро ги критикува неоснованите обвинувања на Нетанјаху против Ердоган
Ирскиот премиер: Меѓународната заедница ги изневери Палестинците
Австралискиот премиер повикува на посилна меѓународна акција во врска со Палестина и Иран во ОН
Пашинјан: Мирот со Азербејџан отвори нови перспективи за Јужен Кавказ
Иранскиот претседател порача дека не бараат војна со САД
Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран
Членките на пактот од Мека дискутираа за итна поддршка за Саудиска Арабија
Бројни делегации ја напуштија салата во ОН додека се обраќаше Нетанјаху
Ердоган: Структурата на ОН не може да го исполни ветувањето кон човештвото, да се укине ветото
Абас го повика Трамп да ги исполни ветувањата за спречување на раселувањето на Палестинците
Си Џинпинг во Вашингтон повика на доверба, континуиран дијалог и здрава конкуренција