| Macedonian
Поголемиот внес на јајца е поврзан со помал ризик од деменција, открива нова студија
Постарите возрасни лица кои јаделе јајца пет или повеќе пати неделно имале до 27% помала веројатност да развијат Алцхајмерова болест во текот на 15-годишно следење, во споредба со оние кои ги јаделе ретко, велат од Универзитетот Лома Линда во САД
Поголемиот внес на јајца е поврзан со помал ризик од деменција, открива нова студија
Aвторите нагласуваат дека наодите не покажуваат дека јајцата ја спречуваат Алцхајмеровата болест / Reuters

Тврдо варени, меко варени, кајгана или на око: јајцата се омилен појадок за многумина. Точно, некогаш имаа лоша репутација за зголемување на холестеролот, но денес знаеме дека тоа не е вистина. 

А сега знаеме и нешто друго што го поддржува јадењето јајца секој ден. Освен што се брзи и лесни за подготовка, заситувачки и богати со протеини и хранливи материи како витамин Д и холин, нова студија од научници од Универзитетот Лома Линда во Калифорнија сугерира дека јадењето јајца е поврзано со помал ризик од Алцхајмерова болест.

Истражувачите забележале градациски модел: поголем внес на јајца бил поврзан со прогресивно помал ризик од болеста. 

Постарите возрасни лица кои јаделе јајца околу пет или повеќе пати неделно имале до 27 проценти помала веројатност да развијат Алцхајмерова болест, најчестата форма на деменција, во текот на 15-годишно следење во споредба со оние кои ги јаделе ретко или никогаш. 

Оние кои јаделе јајца два до четири пати неделно имале околу 20 проценти помал ризик, додека дури и умерениот внес, како што е еднаш неделно или неколку пати месечно, бил поврзан со намалување од околу 17 проценти. 

Тоа е според резултатите од долгорочна студија на речиси 40.000 возрасни лица. Во текот на периодот на студијата, 2.858 учесници развиле Алцхајмерова болест.

Комбинираниот ефект на хранливите материи

Студијата, објавена во Журнал на исхраната (The Journal of Nutrition), открила дека оние кои никогаш не јаделе јајца имале највисок вкупен ризик. Посебна анализа покажала дека целосното избегнување на јајца е поврзано со 22 проценти поголем ризик во споредба со јадењето околу едно јајце неделно. 

Истражувачите велат дека јајцата содржат неколку хранливи материи за кои се смета дека го поддржуваат здравјето на мозокот, вклучувајќи холин, витамин Б12, витамин Д, селен, јод и омега-3 масни киселини, заедно со витамини од групата Б, кои се поврзани со меморијата и нервната функција. 

Тие сугерираат дека овие хранливи материи можат да работат заедно за да ја поддржат когнитивната функција, иако точните механизми остануваат нејасни. 

Студијата, исто така, тестирала замени во исхраната, откривајќи дека заменувањето на јајцата со друга храна богата со протеини, како што се јаткасти плодови, семиња или мешунки, покажа слични модели на поврзаност, што сугерира дека целокупните модели на исхрана може да бидат важни.

Јајцата повеќе не се бауч

Сепак, авторите нагласуваат дека наодите не покажуваат дека јајцата ја спречуваат Алцхајмеровата болест. 

Како опсервациска студија, таа може само да идентификува асоцијации, а не да докаже причина и последица. 

Други разлики во начинот на живот или исхраната сè уште би можеле да влијаат на резултатите. Тие, исто така, забележуваат дека некои од учесниците биле невообичаено свесни за здравјето, со ниски стапки на пушење и консумирање алкохол, што може да ја ограничи широката применливост на наодите. 

Случаите на Алцхајмерова болест билеидентификувани со помош на медицински картони и дијагностички кодови на Медикер- Федерална програма за здравствено осигурување во САД за лица на возраст од 65 години или постари и помлади лица со попреченост, што ја зголеми сигурноста, но не ја елиминираше целосно неизвесноста. 

Претходните истражувања за исхраната и ризикот од деменција беа мешани, при што некои студии сугерираа потенцијални когнитивни придобивки од консумирањето јајца, а други пронајдоа мал или никаков ефект. Исто така, имаше промена во размислувањето за холестеролот и јајцата. 

Додека постарите совети препорачуваа ограничување на внесот, поновите истражувања сугерираат дека холестеролот во исхраната има помало влијание врз холестеролот во крвта отколку што се сметаше претходно, и дека заситените масти играат поголема улога. 

Генерално, експертите сега ги сметаат јајцата за безбедни како дел од балансирана исхрана, а сите загрижености што можеби ги имаат се поврзани главно со тоа како се подготвуваат или со што се јадат.

Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван