| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Манчестер Јунајтед му даде отказ на тренерот Аморим
Португалецот е статистички најнеуспешен менаџер на „Црвените ѓаволи“ откако легендарниот Сер Алекс Фергусон се пензионираше, со убедливо најнизок процент на победи, само 36,9%
Манчестер Јунајтед му даде отказ на тренерот Аморим
Аморим доби отказ по неделното реми со Лидс по кој јавно ка критикуваше управата на клубот / Reuters

Португалскиот стратег Рубен Аморим доби отказ од управата на Манчестер Јунајтед по неделното реми на гостувањето кај Лидс (1:1). Тој издржа помалку од 14 месеци на жешката клупа на Јунајтед.

Отказот следеше по жестоката прес-конференција на Аморим по натпреварот со Лидс, на која индиректно ги прозва сопствениците и управата за лошите резултати и посочи дека дел од спортскиот сектор не ги извршува своите функции на соодветно ниво.

„Не се викам Томас Тухел, ниту Антонио Конте, ниту Жозе Мурињо, но јас сум менаџер на Јунајтед. Дојдов тука да бидам менаџер, а не тренер... Луѓето во секој оддел, од скаути до спортски директор, мора да си ја работат работата. Јас ќе ја работам мојата уште 18 месеци и потоа одиме понатаму. Тоа беше договорот. Не сум тука само да бидам тренер на теренот“, порача децидно Аморим, кој потоа ја напушти прес-конференцијата.

Португалецот беше на клупата на „Црвените ѓаволи“ од ноември 2024 година.

„Додека Манчестер Јунајтед е на шестото место во Премиер лигата, управата на клубот неволно одлучи дека е вистинско време да направи промена. Ова ќе ни даде најголема шанса за подобра позиција во Премиер лигата“, објави Манчестер Јунајтед.

Аморим пристигна на чело на клубот од Олд Трафорд како успешен тренер на Спортинг, со кого беше двапати шампион на Португалија (2020/21, 2023/24). Сепак, неговите резултати во Јунајтед беа далеку под очекувањата.

Минатата сезона, Јунајтед заврши на 15-то место во Премиер лигата под водство на Аморим со 42 бода, што е најлошиот резултат по бодови од сезоната 1973/74, кога испаднаа во втората лига. Тој можеше да ја спаси сезоната со освојување на Лигата на Европа, што ќе му донесеше на клубот место во Лигата на шампионите, но Јунајтед беше поразен со 0:1 од Тотенхем во финалето.

Во последните 11 натпревари во сите натпреварувања, „Црвените ѓаволи“ имаат само три победи.

Тимот привремено ќе го води поранешниот играч на Јунајтед, Дарен Флечер, кој беше задолжен за тимот до 18 години на клубот од „Олд Трафорд“ оваа сезона.

Аморим ги напушта „Црвените ѓаволи“ како статистички најнеуспешен менаџер на ерата од Алекс Фергусон.

Под негово водство, Јунајтед ја имаше својата најлоша сезона за повеќе од половина век и го пропушти пласманот во Европа само втор пат за 35 години.

Португалецот е шестиот менаџер на Јунајтед, без да се сметаат привремените менаџери, откако легендарниот Сер Алекс се пензионираше, а Аморим има убедливо најнизок процент на победи, само 36,9%.

Најуспешен беше Жозе Мурињо со 58,33% победи, по него следуваа Ерик Тен Хаг со 54,69% и Оле Гунар Солскјер со 54,17%. Дејвид Мојес имаше 52,94%, а Луј Ван Гал 52,43%.

Повеќе
Франција за првпат ќе го активира планот за вонредни состојби поради екстремна топлина
Демонстранти во Словенија бараат повлекување од НАТО и воведување санкции против САД и Израел
Регионални посредници се обидуваат да ги смират тензиите меѓу САД и Иран
Медиуми: Израел ги предупредил САД за наводен ирански заговор за убиство на Трамп
Иранскиот ајатолах Хамнеи погребан по неколкудневна жалост
Најмалку 12 загинати во пожар во Шпанија
Туркије и американските одбранбени гиганти ги здружија силите за технологија од следната генерација
Тошковски- Уркиза: Продолжуваме да инвестираме во модерна, професионална и европска полиција
Палестинскиот претседател Абас го одреди 28 ноември за палестинските парламентарни избори
Фајненшл Тајмс: Воведувањето на системот ЕИТАС за влез во ЕУ е одложено до следната година
Воена делегација од САД доаѓа во Либан за да го координира фазното израелско повлекување
Израел Кац: Не ни е потребна дозвола да останеме во Либан
Почнува уставниот рок од 30 дена за конституирање на Собранието на Косово
Кремљ: Путин и Трамп водат конструктивен дијалог и покрај нивните разлики
Украински дронови погодиле 12 руски танкери со нафта во Азовското Море