| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Извештај: Во воената акција за приведување на Мадуро убиени околу 75 лица
Официјален претставник изјави дека проценките укажуваат дека во операцијата се убиени помеѓу 75 и 80 лица, додека друг ја проценува бројката на минимум 67
Извештај: Во воената акција за приведување на Мадуро убиени околу 75 лица
Извештај: Во воената акција за приведување на Мадуро убиени околу 75 лица / AA

Американската Влада проценува дека околу 75 лица биле убиени за време на воената акција во која беше приведен венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас, според „Вашингтон пост“, кој се повикува на официјални лица запознаени со ова прашање.

Официјален претставник изјави дека проценките укажуваат дека во операцијата се убиени помеѓу 75 и 80 лица, додека друг ја проценува бројката на минимум 67, изјавија за весникот официјални претставници, кои сакаа да останат анонимни.

Се наведува дека жртвите се членови на венецуелските и кубанските безбедносни сили, како и цивили заробени во борбите.

Претходните извештаи на „Њујорк тајмс“ посочија дека бројот на жртви од американската воена операција во саботата се искачил на 80, повикувајќи се на висок венецуелски официјален претставник и нагласија дека бројката би можела да расте уште повеќе.

На 3 јануари, американските специјални сили го приведоа венецуелскиот претседател Николас Мадуро во ноќна акција во Каракас, беше приведен од САД за време на воздушните напади врз воени цели.

Операцијата, овластена од претседателот Доналд Трамп, произлезе од долгогодишни федерални обвиненија во кои Мадуро се товари за наркотероризам, трговија со дрога и корупција.

Мадуро на 5 јануари се појави пред федералниот суд во Њујорк во лисици и портокалов комбинезон, каде што се изјасни за невин по обвиненијата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Среде геноцидната војна на Израел, палестинските сестри градат надеж од урнатините на Газа
Под блокада на гориво: Колку долго кубанската влада може да преживее економски притисоци?
Израелската армија ги предупредува жителите на три либански градови да се евакуираат
Иран: Испалилени предупредувачки истрели кон американски разорувачи во Оманското Море
Русија и Украина разменија 185 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК