| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани
На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани. Патниците ќе ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани
Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани / Other
8 март 2026

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани. Со овој организиран лет од Обединетите Арапски Емирати почна евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови.

Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

„Клучна и најбитна е безбедноста на граѓаните и тука не смееме да правиме компромис. Мојата цел е до крајот на оваа недела сите наши граѓани што побарале евакуација да бидат во државава“, изјави Муцунски.

Над 600 македонски државјани вкупно се очекува да бидат евакуирани, иако оваа бројка, напомена министерот, може да биде променлива.

Следниот авион, дополни, треба да пристигне во вторник.

Министерот, кој ги пречека патниците директно, пред авионот, се поздравуваше со секој од нив, а на припадничките од понежниот пол им даде и по една ружа, во чест на празникот 8 Март.

Како што информира претходно дМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање. Процесот е целосно координиран од МНРиНТ и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот.

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека се организирани чартер летови од Саудиска Арабија кои ќе ги прифатат македонските граѓани во Катар и Кувајт. Се очекува тие да пристигнат во среда.

„Деновиве се организирани вкупно четири чартер летови, со неколку десетици слободни места. Дел од државите во регионот замолија да пренесеме и нивни граѓани, да ги донесеме во Македонија“, изјави вчера Мицкоски.

Последните податоци покажуваат дека Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација.

Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.

МНРиНТ уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од евакуација или асистенција, тоа да го сторат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви на ДКП-ата или преку СОС-бројот на Министерството.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
САД во првите два дена од војната потрошиле муниција во вредност од 5,6 милијарди долари
Уште 3 американски бомбардери пристигнаа во Велика Британија за време на војната во Иран
Туркије го распоредува системот „Патриот“ во областа Малатија
Иранската револуционерна гарда до Трамп: Ние сме тие што го одредуваат крајот на војната
Ердоган до Пезешкијан: Нема оправдување за нарушувањето на воздушниот простор на Туркије
Трамп: Имам план за справување со зголемувањето на цената на нафтата
Путин: Русија е подотвена да ја снабдува Европа со енергенси, ако еропските земји покажат интерес
Виртуелен состанок Туркије – ЕУ за најновите случувања во Иран
Ердоган: Да се преземаат дејствија кои фрлаат сенка на соседските и братските врски со Иран
Мерц загрижен поради зголемувањето на цените на енергенсите
Њујорк пост: Трамп не е задоволен од новиот врховен лидер на Иран
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
НАТО е подготвен да ги брани сите земји членки од било каква закана
Муцунски: Очекуваме неделава сите македонски граѓани да бидат евакуирани од Блискиот Исток
Ирак ја отфрли можноста за користење на неговата територија за напади врз соседите