| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Спектакуларен пресврт на Аргентина против Египет за пласман во четвртфиналето на СП2026
Аргентина, актуелниот светски шампион, направи чудесен пресврт и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, победувајќи го Египет во Атланта со 3:2 (0:1) и покрај тоа што губеше со 0:2 до 79. минута
Спектакуларен пресврт на Аргентина против Египет за пласман во четвртфиналето на СП2026
Предводник до победата на „Гаучосите“ пак беше Меси, кој постигна гол, негов осми на Мундијалот, и му асистираше на Ромеро за 2:1 / Reuters

Аргентина останува на патот на одбрана на светската титула, откако со голем превсрт од 0:2 до 3:2 го победи Египет во осминафиналето.

Аргентнците беа подобар противник во текот на целиот натпревар, но Египет знаеше да ги користи своите шанси и им направи сериозни проблеми на „Гаучосите“. По неколку пропуштени прилики Ибрахим во 15. минута ги донесе Египќаните во водство.

Ново возбудување веќе во 19.минута, кога Хасан направи прекршок во сопствениот казнен простор, а судијата Летесие без размислување покажа на белата точка. Лионел Меси ја презеде одговорноста, но неговиот удар Шобир го одбрани.

Тоа беше втор промашен пенал на Меси на Мундијалот или четврти од осум изведени удари од 11 метри на Светските првенства.

Во 28. минута се обиде Мекалистер со глава, но египетскиот голман одлично одбрани. Во 31. Меси од слободен удар од преку 30 метри ја погоди стативата.

И второто полувреме почна со офанзива на Аргентинците.

Во 58. минута по една брза контра, Египќаните преку Зико постигнаа и втор гол. Но по сугестија од ВАР соба и прегледување на снимката голот беше поништен, бидејќи на извонредниот контранапад му претходеше фаул над Лесандро Мартинез.

Затоа, пак, се беше чисто во 67. минута кога по акцијата на Салах и асистенцијата на Хасан во листата на стрелци се запиша Зико за водство на Егпиет од 2:0.

Светскиот првак Аргентина, сепак успеа се врати во игра и тоа набрзина за четири минути. Прво во 79.минута кога по центаршутот на Меси на вистинско место беше Ромеро кој со глава намали на 1:2.

Веќе во 83. минута дојде израмнувањето на 2:2, а стрелец беше Лионел Меси со својот осми гол на Мундијалот.

Почна втората минута од судиското дополнение, кога по една брза контра од десната страна Енцо Фернандез со глава ја затресе мрежата на Египет за конечни 3:2.

Решавачкиот момент се случи во 92. минута. Египет ја имаше првата шанса, но откако ја загуби топката, Аргентина изведе контранапад.

Мартинез испрати долг центаршут од десно, а Фернандез ја дочека топката и ја испрати со глава во спротивниот агол од голот на Египет за 3:2 и голема прослава на „Гаучосите“.

Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток