| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Израел: Преминот Рафа во Газа ќе биде отворен, но со ограничувања
„Како дел од планот на претседателот Трамп од 20 точки, Израел се согласи на ограничено повторно отворање на граничниот премин Рафа исклучително за пешаци, под услов на целосен израелски механизам за инспекција“, се наведува во соопштението
Израел: Преминот Рафа во Газа ќе биде отворен, но со ограничувања
Израел: Преминот Рафа во Газа ќе биде отворен, но со ограничувања / AA

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел се согласил на ограничено повторно отворање на граничниот премин Рафа, во рамките на мировниот план од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, пренесува Анадолу.

„Како дел од планот на претседателот Трамп од 20 точки, Израел се согласи на ограничено повторно отворање на граничниот премин Рафа исклучително за пешаци, под услов на целосен израелски механизам за инспекција“, се наведува во соопштението.

Oтворањето на преминот е условено со враќањето на сите живи заложници, како и со целосните напори на Хамас за пронаоѓање и враќање на телата на загинатите заложници.

Во него се наведува дека Израел ќе го отвори преминот штом ќе заврши операцијата за пронаоѓање на телото на израелскиот војник Ран Гвили.

Израел целосно ја затвори палестинската страна на преминот Рафа во мај 2024 година, во рамките на двегодишната офанзива врз Појасот Газа, во која, од октомври 2023 година досега, убиени се повеќе од 71.400 Палестинци, главно, жени и деца.

Преминот Рафа, кој ја поврзува Газа со Египет, требаше повторно да биде отворен во октомври, во согласност со првата фаза од договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври, но Израел не го испочитува договорот.

Од почетокот на прекинот на огнот палестинските фракции ослободија 20 живи израелски заробеници и ги вратија телата на уште 27 лица. Телото на Гвили сè уште не е пронајдено.

Според Министерството за здравство во Газа, од стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот, израелската армија извршила стотици прекршувања, при што се убиени најмалку 484 Палестинци, а повредени се 1.321 лице.


Повеќе
Без тела, без збогувања: Исчезнатите од Газа оставаат зад себе бескрајна тага
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
Јужнокорејски активисти ги обвинија израелските сили за тортура и сексуалнo злоставување во притвор
Хамас потврди дека командантот на Бригадите Ал Касам, Мухамед Авда, е убиен во израелски напад
Израелската армија тврди дека го ликвидирала новиот командант на Хамас во напад врз Газа
Најмалку девет Палестинци загинале во израелските напади низ Газа во пресрет на Курбан Бајрам
Невиден чин на дивјаштво- Новиот закон на Израел автоматски одредува смртна казна за Палестинците
Дете убиено во израелски напад со дрон во Газа и покрај прекинот на огнот
Бен-Гвир објави видео од приведени активисти на флотилата Сумуд принудени да клечат
Израелските сили убиле 16-годишник во окупираниот Западен Брег
Палестина го повикува светот да ја признае Накба како „злосторство на етничко чистење“
Одборот за мир: Хамас не мора политички да исчезне
Извици „Стоп на геноцидот“ за време на настапот на Израел во првото полуфинале на Евровизија
Палестинскиот маратон започна по 2-годишна пауза поради војната во Газа
Израелската армија уапси 17 Палестинци и сруши куќа во рациите на окупираниот Западен Брег
Израел уби тројца Палестинци во Газа додека продолжува со кршењата на прекинот на огнот
Израелски снајперски куршум погоди палестинската невеста во Газа, неколку дена пред свадбата
Рубио: Ветувачки знаци дека Хамас ќе се демилитаризира
Како е граден аргументиран случај за израелската сексуална тортура врз палестинските привореници
Хамас: Разоружување без спроведување на првата фаза од договорот за Газа го блокира планот на Трамп