| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје, едно лице почина
Според здравствените власти, од почетокот на годината има 26 пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се водат како сомнителни. Од нив, 25 лица се од Скопје, а еден е од Велес.
Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје, едно лице почина
Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје, едно лице почина

Институтот за јавно здравје прогласи епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје, во општините Кисела Вода, Бутел, Гази Баба и Илинден.

Едно лице на возраст од 83 година од Скопје почина како последица на компликации од заразата со западнонилска треска и други заболувања.

Според здравствените власти, од почетокот на годината има 26 пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се водат како сомнителни. Од нив, 25 лица се од Скопје, а еден е од Велес.

„Станува збор за автохтони случаи од нашата држава, а едно лице патувало во Грција. Сите случаи се со невроинвазивна форма“, изјави д-р Марија Гочевска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на денешната прес-конференција.

Дваесет пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника, од кои пет се во тешка состојба. Најголем дел од заболените се возрасни граѓани, односно 22 лица од заболените се на возраст над 60 години.

Здравствените власти апелираат на посебно внимание и превенција кај повозрасните лица и хронично болните, со оглед на тоа што кај овие категории постои значително поголем ризик од развој на потешка форма на болеста.

Здравствените власти препорачуваат граѓаните да ставаат мрежи, да се прскаат со средства и да не излегуваат кога заоѓа сонцето и рано наутро.

Најавени се и вонредни прсакања против комарци и преземање соодветни мерки за намалување на ризиците од пренос на болеста која ја шират овој вид инсекти.

Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци