| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Честитки за Бајрам од државниот врв: Да го негуваме соживотот и да вложуваме во заедничката иднина
Во време кога човештвото се соочува со конфликти, кризи и климатски промени, потребни ни се мир и стабилност, само со сплотеност, почит и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина, рече Силјановска Давкова
Честитки за Бајрам од државниот врв: Да го негуваме соживотот и да вложуваме во заедничката иднина
Силата на едно општество се мери преку нашата подготвеност да помогнеме и да покажеме разбирање, порача премиерот Мицкоски / Others
20 март 2026

Верниците од исламската вероисповед во Македонија, како и ширум светот, денес го одбележуваат Рамазан Бајрам – празник кој претставува духовно и телесно прочистување и е еден од петте столбови на исламот. По тој повод, државниот врв упати пораки за сплотеност, соживот и заедничка иднина.

„Големиот празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. Рамазан Бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во честитката таа истакна дека духовната енергија на светиот месец се чувствува не само во верските објекти и домовите на верниците, туку и во целата заедница.

„Во време кога човештвото се соочува со конфликти, кризи и климатски промени, потребни ни се мир и стабилност. Само со сплотеност, почит и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина“, наведува таа.

Премиерот Христијан Мицкоски потсети дека Рамазан Бајрам го означува крајот на месецот посветен на пост, трпение и духовност.

„Овој празник нè учи на вистинските вредности што нè обединуваат: почит, солидарност, хуманост и грижа за другиот. Силата на едно општество се мери преку нашата подготвеност да помогнеме и да покажеме разбирање“, порача тој.

Мицкоски додаде дека како народ, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти.

„Токму затоа, денес повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир, стабилност и просперитет за сите граѓани“, рече Мицкоски.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во својата честитка упати желби за здравје, мир и благосостојба.

„По деновите на пост, молитва и духовна посветеност, Рамазан Бајрам нè потсетува на вредностите на хуманоста, меѓусебната почит и помагањето“, се наведува во честитката. Тој порача дека празникот носи силна порака за љубов, милосрдие и заедништво – вредности неопходни за изградба на хармонично и праведно општество.

Повеќе
Румен Радев, поранешниот бугарски претседател и шеф на воздухопловните сили, се враќа на власт
САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец
Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за „терористичка организација“
Шпанија ја критикува Мачадо за „идеолошка“ посета и состаноци на крајнодесничарите
Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
Нетанјаху не се појави на судењето за корупција поради „безбедносно-дипломатски причини“
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите
Ареф: Безбедноста на Ормутскиот теснец не е возможна без гаранции за иранската нафта
Израелската армија ги предупреди жителите на Јужен Либан да ги избегнуваат пограничните области
Радев пред убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија