| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Калас: Русија планира уште саботажни акции против Европа
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика ги повикува земјите-членки на поголема будност и превентивно дејствување
Калас: Русија планира уште саботажни акции против Европа
Shefja e BE-së, Kallas kërkon veprime më "strategjike" për të ruajtur rolin gjeopolitik

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, денеска изјави дека Русија планира „уште акти на саботажа“ и напади врз европските демократии, повикувајќи на поголема будност и превентивно дејствување.

„Од разузнавачките податоци гледаме дека Русија планира повеќе акти на саботажа и напади врз нашата демократија со цел да го подели нашето општество и да ги заплаши нашите општества за да се воздржат од помагање на Украина. Значи, тоа е нешто што тие го планираат, а и ние мораме да го имаме тоа предвид за да можеме да се спротивставиме на овие закани“, рече Калас пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.

Европските земји, додаде таа, треба да бидат способни да дејствуваат пред да се случат такви напади.

Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за одговорот на Унијата на хибридни напади, вклучително и за предложениот протокол за итни случаи што би се активирал како одговор на каква било закана насочена кон земјите-членки.

Таа рече дека на состанокот ќе се разговара и за подготвеноста на европската одбрана, поддршката за Украина и безбедносната ситуација на Блискиот Исток.

Во однос на европските одбранбени капацитети, Калас изјави дека инвестициите на ЕУ во одбраната се зголемени, но сè уште постојат значителни празнини во капацитетите, па затоа фокусот сега треба да биде на нивно пополнување.

Што се однесува до Блискиот Исток, Калас рече дека поморската операција на ЕУ „Аспидес“ (Aspides) бара дополнителни ресурси, особено бродови способни да ги придружуваат пловилата низ теснецот Баб ел-Мандеб.

Таа најави дека ЕУ ќе разговара за тоа дали бродовите понудени на посебна „коалиција на подготвени“ би можеле привремено да бидат доделени на операцијата „Аспидес“.

Повеќе
Ердоган: Карабах ќе остане азербејџанска територија
Кина и САД договорија пониски царини за стоки вредни 30 милијарди долари
Хакан Фидан на неформален состанок со колегите од Организацијата на туркиските држави
Путин потпиша указ за разрешување на рускиот амбасадор во Велика Британија
Владејачката „Единствена Русија” освои 349 од 450 места во Државната дума
Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан ги осудуваат нападите врз Мека
Иран предлага седумдневен план за повторно отворање на Ормускиот теснец
УНИЦЕФ: 71.000 деца раселени во Јемен за три недели поради ескалацијата на конфликтот
Медиуми: Израел подготвува нова фаза на окупацијата во јужен Либан
Бројот на загинати во инцидентот за време на воена вежба во Каспиското Море се искачи на 14
Ирскиот премиер: Меѓународната заедница ги изневери Палестинците
Австралискиот премиер повикува на посилна меѓународна акција во врска со Палестина и Иран во ОН
Бројни делегации ја напуштија салата во ОН додека се обраќаше Нетанјаху
Ердоган: Структурата на ОН не може да го исполни ветувањето кон човештвото, да се укине ветото
Абас го повика Трамп да ги исполни ветувањата за спречување на раселувањето на Палестинците
Си Џинпинг во Вашингтон повика на доверба, континуиран дијалог и здрава конкуренција
Трамп: Одлуките на САД и Кина за безбедноста, технологијата и ВИ можат да донесат децениски мир
Иран: Евентуална нова војна со САД би можела да се прошири на Индискиот Океан
ЦИА ја предупредува Европа за можни руски напади со дронови
Лавров: Русија е подготвена за преговори за одржлив и траен мир во Украина