| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Куртулмуш: Епопејата на отпорот на 15 јули е врежана во колективното сеќавање на турскиот народ
Куртулмуш истакна дека таа ноќ свеста за народното единство повторно престанала да биде само апстрактна идеја и се претворила во конкретно дело, покажана со жртвување на животите на улиците, плоштадите, мостовите и пред Парламентот
Куртулмуш: Епопејата на отпорот на 15 јули е врежана во колективното сеќавање на турскиот народ
Куртулмуш: Епопејата на отпорот на 15 јули е врежана во колективното сеќавање на турскиот народ

Претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије, Нуман Куртулмуш, по повод годишнината од обидот за државен удар извршен од терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година, изјави дека овој датум влегол во историјата како голема епопеја на отпорот, врежана во националното сеќавање на турскиот народ, јавува Анадолу.

Куртулмуш преку својот профил на социјалните мрежи објави порака по повод 15 јули – Ден на демократијата и националното единство.

Во својата порака тој наведе дека 15 јули 2016 година останал запаметен како тежок испит низ кој турскиот народ поминал меѓу темнината на предавството и светлината на храброста. Истакна дека таа ноќ свеста за народното единство повторно престанала да биде само апстрактна идеја и се претворила во конкретно дело, покажана со жртвување на животите на улиците, плоштадите, мостовите и пред Парламентот.

„Таа ноќ лице в лице со извршителите на заговорот застанаа оние што во центарот на својот живот ги поставија верноста кон верата, вредностите и заедничката татковина и 15 јули влезе во историјата како голема епопеја на отпорот, врежана во националното сеќавање на нашиот народ“, порача Куртулмуш.

Фактот дека ноќта на 15 јули 2016 година Големото народно собрание на Туркије, кое вторпат во својата историја го стекна статусот на „собрание-ветеран“ (под напад на терористите на ФЕТО), остана отворено и дека пратениците од сите политички партии се собраа под ист покрив, дополнително беше запишано како една од исклучителните страници во историјата на турската демократија.

„По повод 15 јули - Ден на демократијата и националното единство, со милост се сеќавам на нашите драги маченици, а на нашите ветерани им изразувам благодарност и почит. Упатувам бескрајна благодарност до нашиот народ кој таа ноќ со своите гради им се спротивстави на тенковите и куршумите, ги исполни плоштадите и ја испиша епопејата на демократијата. Нека Севишниот Алах никогаш повеќе не му дозволи на нашиот народ да доживее таква ноќ на предавство“, заклучи Куртулмуш.

Фракција на турската војска поврзана со терористичката организација ФЕТО се обиде да ја преземе власта на 15 јули 2016 година, користејќи тенкови, борбени авиони и хеликоптери против цивили и државни институции. Во обидот загинаа 253 лица, а илјадници беа повредени.

Повеќе
Русија: Над 50 дронови соборени околу клучен центар за извоз на нафта
Приоритет на САД е пониска цена на нафтата во преговорите со Иран
Евакуација на жители во Хрватска по голем пожар на крајбрежјето
Салман разговараше со началникот на ЦЕНТКОМ за деескалација низ регионот
ЦИА се сомнева во тврдењето на Израел за наводниот ирански заговор против Трамп по НАТО самитот
Туркије и Бугарија разговараа за нови железнички врски
Француските пожарникари започнаа голем штрајк поради недостиг на кадар и ресурси
Во Владата одбележана 25-годишнината од Рамковниот договор
Свлечиште од земја уби најмалку 5 лица во нелегален рудник за злато во Индонезија
Јужнокорејскиот претседател повикува на „паметна“ војска поради ниската стапка на наталитет
Во Албанија избувнаа 45 пожари во рок од едно деноноќие
30 притворања во операцијата против криминалната организација Алихан Куриш
Рускиот претседател го посети курилскиот остров Итуруп
Аеродромот во Истанбул го сруши рекордот за дневен сообраќај на патници во Туркије и Европа
Малезискиот премиер Анвар Ибрахим отпуштен од болница по операцијата