| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Од полноќ новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 86 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 88 денари за литар, а дизелот ќе се продава по 87 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
РКЕ соопшти и дека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува, па неговата нова цена ќе изнесува 47,297 денари за килограм / AP

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за нова корекција на цените на нафтените деривати, која ќе стапи во сила од полноќ.

Според одлуката, малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за два денара по литар во однос на цените утврдени на 1 јуни, додека цените на еуродизел (Д-Е В) и eкстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари по литар.

Со тоа, новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 86 денари за литар, додека еуросупер БС-98 ќе се продава по 88 денари за литар.

Од друга страна, цените на еуродизел (Д-Е В) и екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари по литар.

Новата цена на дизелот ќе изнесува 87 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство 89 денари за литар.

РКЕ соопшти и дека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 денари по килограм, па неговата нова цена ќе изнесува 47,297 денари за килограм.

Владата на седница на 31 мај донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за нафтените деривати до 15 јуни и информира дека во разговорите со ОКТА бил договорен дополнителен попуст од два денари по литар кој ќе започне да се применува од 1 јуни.

Повеќе
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“
ОАЕ го осудуваат палењето на две џамии на Западниот Брег од страна на израелските окупатори
Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус
Јемен следното бојно поле во конфликтот меѓу САД и Иран?
Садик Ахмет и бескрајниот отпор на Турците од Западна Тракија
Што е Планината Пикакс, место кое Трамп се закани дека ќе го нападне?
Источното крило на Европа се насочува кон Туркије во услови на нови безбедносни реалности
Борба за моќ во Иран: Дали тврдокорните ја блокираат дипломатијата со САД?
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Трамп: Би било многу лошо за Кина и Русија ако обезбедуваат оружје за Иран
Медиуми: Нетанјаху следната недела во САД на средба со Трамп
Средба на Фидан со претставничката на Гутереш за Кипар
Почесниот конзулат на Летонија во Славјанск оштетен при руски напад
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег