| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
6 мин читање
„Раздружување 710“: Новиот план на екстремистичкиот министер Бен-Гвир за етничко чистење на Газа
Планот на министерот од крајната десница предвидува иселување на речиси целото население на Газа од нивната татковина, и покрај противењето на Палестинците и растечкиот меѓународен отпор
„Раздружување 710“: Новиот план на екстремистичкиот министер Бен-Гвир за етничко чистење на Газа
Бен Гвир бара формирање посебно Министерство за емиграција, со сопствен министер и буџт како услов за влез во следната коалициска влада

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, минатата недела претстави план за етничко чистење на речиси целото население на Газа од Палестина во текот на следните седум години- иницијатива што ја нарече „Раздружување 710“ (Disengagement 710) и која ја постави како централен елемент на својата изборна кампања.

Присилното раселување на цивили од окупирана територија се класифицира како воен злостор според Женевските конвенции, а организациите за човекови права, експертите на ОН и владите веќе го опишаа планот токму со тие термини.

Размерите на предлогот не оставаат многу простор за двоумење околу тоа што би значел тој во пракса.

Тој предвидува присилно отстранување на 250.000 Палестинци од Газа во првата година, бројка што би се зголемила на 1,11 милиони во рок од три години и на околу 1,86 милиони во рок од седум години- бројка што го опфаќа речиси целото население на палестинската енклава.

Предлогот се заснова на претпоставката дека Палестинците во Газа можат едноставно да бидат преселени на друго место. На секое лице што би заминало, наводно, би му била одредена земја-дестинација, заедно со финансиски средства, правен статус, домување и пакет за поддршка.

Но Палестинците во Газа јасно ставија до знаење дека не сакаат да ги напуштат своите домови ниту да бидат отстранети од својата татковина. За нив, прашањето е зошто воопшто се очекува од нив да се откажат од своите домови и земја.

Ова секако не претставува доброволна миграција, според д-р Мунир Нусеибах, адвокат за човекови права и професор по право на Универзитетот Ал Кудс.

„Бен Гвир го користи овој термин ('раздружување') бидејќи знае дека присилното раселување е незаконско според меѓународното право. Тоа е воен злостор според Четвртата Женевска конвенција и злосторство против човештвото“, изјави Нусеибах за TРТ Ворлд.

„Ова е нешто што Израел го прави уште од Накба во 1948 година, раселувајќи ги Палестинците од нивните домови за да создаде области со еврејско мнозинство во регионите што ги колонизира оттогаш па наваму.“ 

„Сега ционистичката амбиција е да се колонизира Газа, а целта е да се раселат Палестинците, да се иселат од Газа, да се спроведе етничко чистење и потоа Газа да се подготви за израелска колонизација“, додава Нусеибах.

Бен Гвир ја одреди и цената на проектот. Планот предвидува почетен израелски трошок од 10 милијарди шекели (приближно 3,3 милијарди американски долари), со финансиска рамка до 50 милијарди шекели, во зависност од тоа дали странските земји ќе се согласат да ги прифатат луѓето.

ПоврзаниTRT Balkan - Зошто Туркије кривично го гони Нетанјаху и зошто е важен случајот

Сепак, ниту една сума на пари не одговара на основното прашање во сржта на предлогот: зошто воопшто би се очекувало од Палестинците да ги напуштат своите домови и земја?

Кога „доброволното“ престанува да биде доброволно

Одговорот на Бен Гвир е дека тие би избрале да заминат. Но тој избор би се случил во услови што ја оневозможуваат вистинската согласност.

Голем дел од станбениот фонд во Газа е уништен, пристапот до материјали за обнова е ограничен, а движењето во и надвор од енклавата е строго ограничено.

Лицето што го изгубило својот дом и не може да го обнови, не може безбедно да се врати во него и има ограничени можности да замине или слободно да се движи, ја носи одлуката во околности што суштински се разликуваат од обичната миграција.

Нусеибах ги опишува условите во Газа поради кои луѓето немаат речиси никаков реален избор освен да заминат.

„Палестинското население во Газа, кое пред геноцидната кампања живееше во една од најгусто населените области во светот, сега живее на само една третина од територијата, во шатори, секојдневно борејќи се за најосновните животни потреби.“

„Тие се будат секое утро во потрага по вода, храна и гол опстанок. Нема развој, нема работни места, нема образование. Сè е уништено“, објаснува Нусеибах.

„Нивните животи се вратени во камено доба, а Израел го блокира секој обид да се овозможи обнова на Газа“, додава тој.

Експертите на ОН за човекови права предупредија дека отстранувањето на Палестинците од Газа во сегашните услови би претставувало присилно преселување, без оглед на тоа дали политиката се претставува како доброволна. 

Осум арапски и муслимански држави, вклучително и Туркије, Саудиска Арабија, Јордан и Катар, исто така го отфрлија секое раселување на Палестинците од Газа, нарекувајќи го тоа грубо кршење на меѓународното право и предупредувајќи против каков било обид за наметнување нова демографска реалност на окупираната палестинска територија.

Според тоа, приговорот се однесува и на создавањето услови и поттици под кои заминувањето станува практична алтернатива на останувањето.

Таа разлика е клучна за правниот аргумент.

Според Нусеиба, она што го прави Израел е создавање принудна средина, при што ги користи тешките услови за живот за да ги истисне луѓето од територијата- чин што претставува злосторство против човештвото во вид на присилно депортирање и преместување.

„Во такви околности не можеме да зборуваме за некаков избор на луѓето да заминат.“

„Ниту еден Палестинец што моментално ја напушта Газа не го прави тоа по сопствен избор; тие заминуваат бидејќи се борат за опстанок, бидејќи бараат начин да ги образуваат своите деца и едноставно- да живеат“, додава тој.

Газа како изборно прашање

Бен Гвир не планира да се откаже од „Раздружување 710“ како изборен слоган. Неговата партија Оцма Јехудит (Еврејска сила) бара формирање посебно Министерство за емиграција, со сопствен министер и буџет, и го поставила неговото создавање како услов за влез во следната израелска коалициска влада.

Тоа би му обезбедило на планот директно место во коалициските преговори по изборите во октомври, а истовремено би му овозможило на Бен Гвир дополнително да се позиционира десно од Нетанјаху, додека израелската крајна десница се натпреварува околу тоа како треба да изгледа Газа по геноцидот.

Контроверзниот поранешен генерал Офер Винтер, исто така, вклучи слична идеја во својата платформа.

Нетанјаху досега се држи на дистанца од овој предлог; наводно изразил резервираност во кабинетот, иако претходно ја користел идејата за палестинска емиграција за да го задржи Бен Гвир во владата.

Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека Израел чека одобрение од САД за да продолжи понатаму.

Сепак, идејата не започна со изборната кампања на Бен Гвир. САД во февруари 2025 година предложија Палестинците да ја напуштат Газа, пред Белата куќа да се повлече од тој став и во својот подоцнежен план од 20 точки за Газа да наведе дека населението ќе остане во опколената енклава.

За Нусеибах, таа историја е важна бидејќи сведувањето на предлогот на изборна тактика носи ризик да се превиди пошироката политика што стои зад него.

„Бен Гвир веројатно се обидува да го искористи овој план за етничко чистење како елемент од својата претстојна изборна кампања. Но не можеме да го гледаме тоа само како изборна пропаганда.“

„Израел веќе подолго време се обидува да расели милиони Палестинци од Газа. Се обиде да изврши притисок врз Египет и Јордан, преку САД и Германија, за да го прифатат палестинското население од Газа.“

„Бараше места каде што би можело да се испратат Палестинците и овозможи летови кон различни земји низ светот за да се згрижат поголем број од нив.“

Но Нусеиба во овој предлог гледа и јасна изборна калкулација, особено во однос на гласачкото тело што Бен Гвир се обидува да го мобилизира.

„Се разбира, Бен Гвир сака да го искористи ова и на изборите, бидејќи неговата политичка база ја сочинува група што сака етнички да ја исчисти земјата и да ја колонизира, водена од месијанска религиозна идеологија и начин на размислување“, додава тој.

Извор: ТРТ Ворлд

Повеќе
Кина отвори ДНК-механизам и линија за исчезнатите во катастрофата меѓу Непал и Тибет
Ликуд презема чекори за исклучување на две арапски партии од октомвриските избори за Кнесетот
Кац: Ќе го елиминираме секој што ќе се приближи до гребенот Али ал-Тахер во јужен Либан
Шведската левица води со три места во тесна изборна трка
Трамп: Обединувањето на Ирска, една од најприродните работи на сите времиња
Бес во Австралија поради расистичките забелешки на лидерката на „Една нација“ за домородните луѓе
Фидан: Интеграцијата на вооружените групи е клучна за суверенитетот и интегритетот на Сирија
Избрана новата Влада на Косово, Курти пак премиер
Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти
AфД поднесе кривична пријава против Мерц поради обвинувања за етничко чистење
„Раздружување 710“: Новиот план на екстремистичкиот министер Бен-Гвир за етничко чистење на Газа
Дали победата на AфД во Саксонија-Анхалт ќе ја турне Германија во политичка криза?
Турската Аризона ги воодушевува посетителите
Нетанјаху или Ајзенкот -што покажуваат анкетите?
Еден погрешен чекор: Жените деминери стигнуваат таму каде што мажите не можат да ги заштитат децата