Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, наводно бил предупреден за врската на извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, со Алис Хуанг за која има сомнежи дека работи за кинеската разузнавачка служба.
Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека на Лутник му бил испратен доверлив допис со предупредување за врската на Хуанг со кинеската бизнисменка која ја водела компанијата Мегаспид, регистрирана во Сингапур.
Наводно преку оваа компанија се извезувале чипови на Енвидија од црната листа на САД за Кина, вредни десетици милијарди долари, во обидот да се создаде паралелен развој на капацитети за вештачка интелигенција.
Министерството за трговија не одговори на тврдењата кои ги изнесе Аксиос.
Извештајот следува по истрагата за врските на извршниот директор на „Нвидија“ со Алис Хуанг и најавата од американскиот производител на чипови дека неговиот одбор ќе започне независна истрага.
„Њујорк тајмс“ на 29 октомври објави дека Алис Хуанг, опишана како блиска до извршниот директор на „Енвидија“, наводно му пренесувала информации на Пекинг за разузнавачки цели.
Енвидија потоа објави независна истрага по извештаите дека нејзиниот основач и извршен директор биле цел на странска разузнавачка операција.
Во е-маил до вработените Јенсен Хуанг рече дека им должи извинување на своето семејство и колегите и ја поддржува истрагата што ја покрена одборот на компанијата.
Кина ги отфрли обвинувањата на американските медиуми дека Алис Хуанг е поврзана со кинеската разузнавачка служба, опишувајќи ги како клевета против земјата.
Тврдењата во врска со нејзините наводни разузнавачки активности се предмет на докажување.
Американскиот секретар за трговија се уште не ја стави компанијата Мегаспид на црната листа, ниту останатите компании кои се поврзуваат со Алус Хуанг.
















