| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Најмалку четворица убиени во израелски напад во Либан по прекинот на огнот меѓу САД и Иран
Нападите се случија неколку часа откако Трамп се согласи да го суспендира бомбардирањето и нападите врз Иран за период од две недели, но канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека двонеделното примирје „не го вклучува Либан“
Најмалку четворица убиени во израелски напад во Либан по прекинот на огнот меѓу САД и Иран
За разлика од Израел, Хезболах соопшти дека че го почитува примирјето / AP
8 април 2026

Најмалку четири лица биле убиени кога Израел извршил воздушен напад врз јужен Либан рано во среда, објави официјалната Национална новинска агенција на Либан.

Воздушниот напад бил насочен кон зграда во областа Џал ал-Бар во близина на болницата Хирам, при што загинаале четири лица, според новинската агенција.

Неколку други напади биле насочени кон позиција што им припаѓала на медицински лица од здравствената установа во градот Шакра, при што неколку лица биле повредени.

Артилериско гранатирање, исто така, ги погоди областите Хание и Мансури.

Новинската агенција, исто така, објави воздушни напади врз градовите Хадата, Раб Талатин, областа Абасија, Кафра и Џмејџме.

Нападите се случија неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави во вторникот дека се согласува „да го суспендира бомбардирањето и нападот врз Иран за период од две недели“.

Сепак, канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека двонеделното примирје „не го вклучува Либан“.

Хезболах, пак, соопшти дека ќе го почитува примирјето.

Либан беше вовлечен во војната на Блискиот Исток на 2 март, кога Израел и САД започнаа војна против Иран, убивајќи го неговиот врховен лидер Али Хамнеи, предизвикувајќи ја шиитската група Хезболах, поврзана со Техеран, да испука ракети врз израелски позиции.

Оттогаш, Израел ги интензивираше нападите врз Либан и ја прошири својата инвазија на југот на земјата, убивајќи речиси 1.500 луѓе во Либан и раселејќи над 1 милион.

Над 4.500 луѓе беа повредени и во израелските напади, според либанските власти.

Повеќе
Воениот злосторник Ратко Младиќ претрпел мозочен удар во затворот во Хаг
Министерот Зукорлиќ во официјална посета на Северна Македонија
Кина ги отфрли заканите на САД за секундарни санкции за иранската нафта
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
Левица ја обвини Владата на Мерц дека ја подгрева војната во Иран
НАСА: Астероидот „Бог на хаосот“ ќе помине во близина на Земјата за 3 години
Трамп: Лидерите на Израел и Либан ќе одржат разговори
Бродови поврзани со Иран пловат по нови рути по блокадата на САД
Најмалку 2 загинати, 18 повредени во руски воздушен напад врз Киев
Средба на европските градоначалници во Скопје
Ердоган упати сочувство по смртоносната пукотница во училиштето во Кахраманмараш на југот од Туркије
Белата куќа: Следната рунда преговори меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржи во Исламабад
Муцунски-Прево: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ
Израелскиот висок суд разгледува петиција за разрешување на крајнодесничарскиот министер Бен-Гвир
Туркије договори со Светска банка финансирање на голем железнички премин во Истанбул