| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Едно лице загина, а неколку се повредени во американскиот напад врз иранскиот град Тебриз
Од Одделот за управување со кризи на иранската покраина Источен Азербејџан соопштија дека експлозијата што се слушнала во градот е поврзана со нападот врз воената локација
Едно лице загина, а неколку се повредени во американскиот напад врз иранскиот град Тебриз
Во последните 10 дена американските напади беа насочени кон jужен Иран, нападите врз Тебриз и Урмија се први на северот од државата

Едно лице загина, а неколку се повредени откако американската армија изврши напад врз воена област југозападно од Тебриз во Северозападен Иран, јави денес новинската агенцијата „Мехр“.

Од Одделот за управување со кризи на иранската покраина Источен Азербејџан соопштија дека експлозијата што се слушнала во градот е поврзана со нападот врз воената локација.

Во нападот загина едно лице, а повеќемина се повредени, се додава во соопштението.

Ова се случи откако САД го информираа Израел дека планираат да ја интензивираат својата воена кампања против Иран во наредните денови, објави вчера израелскиот јавен сервис КАН.

Во последните 10 дена американските напади беа насочени кон Јужен Иран. Нападите врз Тебриз и Урмија, во Северен Иран, се први надвор од јужниот дел откако започна најновата ескалација пред околу 10 дена.

САД ги ескалираа нападите врз Иран во последните денови, при што Иран возврати со удари насочени кон објекти и бази за кои тврди дека се користат од американската војска во неколку земји во регионот.

До размена на оган меѓу двете земји дојде и покрај меморандумот за разбирање посредуван од Пакистан, кој го потпишаа во јуни за да ја завршат војната и да постигнат траен мировен договор.

Повеќе
Новиот британски премиер ги намалува даноците на сметките за струја
САД заврши уште една серија напади врз воени цели во Иран
Иран тврди дека уништиле центар за податоци на Амазон во Бахреин
Петмина Палестинци убиени во новите израелски напади врз Газа
Зеленски се среќава со генерали со надеж дека ќе ги смири протестите
Приведени раководители на „Комуналец“ од Гостивар поради загадувањето на градскиот водовод
Трамп: Иран ќе плати „многукратно“ за сите убиени американски војници
Туфан Ерхурман: Кипарските Турци се еднакви сопственици на островот, а нe малцинство
Франција го обвини Иран за притворање на персоналот на амбасадата во Техеран
Бугарија: Парламентот ќе одлучува распоредување на американски авиони за полнење гориво
Хутите објавија дека воведуваат целосна поморска блокада врз Саудиска Арабија
Туркије ја одбележува 52. годишнина од мировната операција на Кипар
Извештај: Пентагон не ги објавил сите повредени војници и предизвикана штета од Иран
Барнам ја презеде функцијата премиер на Велика Британија
Маѓар ја поддржа шаховската велемајсторка Јудит Полгар за претседателка на Унгарија