| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Фон дер Лајен: ЕУ подготвува пакет економска поддршка за Ерменија по рускиот притисок
Со проширување на извозните ограничувања за ерменските производи, Москва ги користи економските односи како оружје за политички притисок, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
Фон дер Лајен: ЕУ подготвува пакет економска поддршка за Ерменија по рускиот притисок
Русија, Белорусија, Казахстан и Киргистан ја повикаа Ерменија да одржи референдум за членство во ЕУ или останување во Евроазиската економска унија / Reuters

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската унија подготвува пакет за економска поддршка за Ерменија во почетен износ од 50 милиони евра, откако Русија воведе некои трговски ограничувања за Ерменија.

„Денес разговарав со (ерменскиот) премиер Никола Пашинјан за неодамнешните руски ограничувања насочени кон Ерменија. Ова не е ништо помалку од економска принуда и е неприфатливо“, рече Фон дер Лајен, објави Ројтерс.

Таа додаде дека со проширување на извозните ограничувања за ерменските производи, Москва ги користи економските односи како „оружје“ за политички притисок.

„Ние добро го знаеме овој прирачник. Затоа Европа цврсто стои зад Ерменија. Ние подготвуваме пакет за поддршка од ЕУ“, рече таа.

Рускиот амбасадор во Ерменија, Сергеј Копиркин, пак, во неделата бил повикан во Москва на консултации во врска со чекорите на ерменското раководство кон ЕУ, кои според руското Министерство за надворешни работи, се штетни за соработката во рамките на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ).

Претходно претседателите на Русија, Белорусија, Казахстан и Киргистан ја повикаа Ерменија да одржи референдум за приклучување кон Европската унија (ЕУ) или останување во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ).

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан тогаш рече дека ако земјата ја напушти ЕАЕУ, тоа нема да го стори одеднаш, туку на планиран начин и дека референдум за ова прашање нема да биде потребен.

Повеќе
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини
Партијата на ерменскиот премиер Пашинјан оствари убедлива победа на изборите
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува